Гостивар
Шестмина се сомничат за тешки дела против безбедноста на луѓето, едно лице за несовесно работење
Од седумте лица, уапсени во врска со несреќата кај Ласкарци, шестмина се сомничат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека од едно лице ќе се бара одговорност за несовесно работење во службата. Како што кажа на денешната прес конференција јавниот обвинител Сашо Рајчев, седмото лице ја издало потврдата за тахографот (уредот што ја снима брзината на движење), без да бидат извршени неопходните проверки.
Обвинителството ќе бара притвор за шестмината, додека за седмото лице мерки на претпазливост.
Автобусот бил на технички преглед, но и покрај тоа што биле утврдени недоследности кај сопирачките, бил издаден документ дека се исправни. Возачот се движел со брзина од 99 километри на час, додека, како што рече обвинителот, дозволената брзина за ваков тип на возила е 80. Токму во овие неправилности надлежните ги гледаат главните причини за несреќата.
Инаку во текот на предистражната постапка биле испрашани 47 лица, и се` до утрово никој не се водел како осомничен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар