Поврзи се со нас

Занимливости

Шљивовицата впишана на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Објавено

на

УНЕСКО ја запиша српската шљивовица на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство, јави дописникот на МИА од Белград.

Шљивовица на таа листа е запишана под името „Социјални практики и знаења поврзани со подготовка и употреба на традиционалниот пијалок од сливи – Шљивовица“, како елемент на нематеријалното културно наследство на Србија.

Како што соопшти Министерството за култура, одлуката за регистрација ја донел Меѓувладиниот комитет за зачувување на нематеријалното културно наследство на 17-та седница одржана во Рабат, Мароко.

Во 2021 година, Министерството за култура ја номинираше Шљивовица за Репрезентативна листа на нематеријално културно наследство на човештвото, а номинацијата беше подготвена од Центарот за нематеријално културно наследство на Србија при Етнографскиот музеј во Белград, со учество на носители на наследството, локални заедници, институции и невладини организации, здруженија, а предлагачи се Етнографскиот музеј во Белград и Народниот музеј во Чачак.

Вклучувањето на знаењата и вештините потребни за подготовка на шљивовицата во домаќинствата и неговата употреба во секојдневната и обичајната практика на Репрезентативната листа на УНЕСКО значително придонесува за зголемување на видливоста на нематеријалното културно наследство на национално и локално ниво, како и на меѓународната промоција на „живото наследство“ на Србија, се наведува во соопштението.

-Номинацијата, која ги обединува културата на одгледување слива, традиционалните занаети, културата на исхраната и обичаите, како и печењето на шљивовицата и неговата употреба за време на приватни или јавни настани, ја одразува широката распространетост на елементот и најдобро покажува колку традиционалните вештини и практики може да се развиваат во модерно опкружување, зачувувајќи го неговото значење дури и во услови на развој на современото општество, се додава во соопштението.

Во него се потсетува дека елементи на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на УНЕСКО од Србија се и семејната слава (2014 година), коло – традиционално оро (2017 година), пеење со гусли (2018 година) и Злакуското грнчарство (2020 година).

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 13 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена