Регион
Шојгу: Украинската армија загуби повеќе од 11.000 војници во февруари
„Ослободувањето на Артјомовск продолжува. Овој град е важен одбранбен центар на украинските сили во Донбас. Неговото заземање ќе овозможи понатамошни офанзивни операции длабоко во одбраната на вооружените сили на Украина“, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на конференцијата со раководството на вооружените сили, пренесува руски Спутник.
Во правците Доњецк и Купјанск беа ослободени Николајевка, Двуречное, Краснаја Гора, Грјаниковка и Парасковјевка, додаде тој.
Рускиот министер истакна дека загубите на вооружените сили на Украина се зголемиле за 40 отсто во февруари, надминувајќи 11.000 луѓе.
„Забележливо е значително зголемување на персоналните загуби во вооружените сили на Украина. Само во февруари тие се зголемени за повеќе од 40 отсто во однос на јануари и изнесуваат над 11.000 воени лица. Во тој поглед, изненадувачка е рамнодушноста на режимот во Киев кон својот народ, кој не ги зема предвид огромните човечки загуби“ рече Шојгу.
Министерот посочи дека приоритет за вооружените сили на Русија останува зачувувањето на животот и здравјето на војниците и цивилите. Шојгу додаде и дека руските војници ќе продолжат да ги извршуваат задачите во рамките на специјалната операција. Западот, како дел од американската стратегија за „разбивање на Русија со помош на оружје“, ја зголемува испораката на оружје за Киев, но тоа не води до успех на Вооружените сили на Украина на бојното поле, заклучи министерот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар