Рецепти
Шпагети а ла карбонара – едноставно и вкусно
Едно од најпознатите јадења со тестенини. Едноставно јадење со сланина и јајца, на многумина омилено, а денес е заштитен знак на италијанската кујна. Лесно за подготвување со неколку состoјки кои, веројатно, секој ги има дома.
Потребни состојки за 2 лица:
- 350g шпагети
- 2 јајца
- 1/3 чаша рендан пармезан
- 1/3 чаша пекорино сирење
- бибер
- сол
- лажичка путер
- 2 чешни лук
- 100 g сланина исецкана на коцки
Додека ги варите тестенините, со вилушка разматете ги јајцата, потоа изрендајте од пекорино сирењето, додадете малку бибер и сосема малку сол во изматените јајца.
Во подлабока тава пропржете ја исецканата сланина, додете ги двете чешниња лук (цели) и после 2-3 минути додадете го путерот. Вака пржете ја сланината додека не добие златнорумена боја. Кога сланината ќе биде готова извадете го лукот кој се става само поради мирис.
Во меѓувреме, тестенините се готови, вадете ги со куњски вилушки за да остане од водата во која се вареа на нив, или ако ги вадите со цедалка, сочувајте од истата вода во една чаша и префрлете ги во тавата со сланина.
Откако ќе се префрлат тестенините во тавата, во неа додадете ја и смесата со изматените јајца и сирење и енергично измешајте додека тестенините не бидат целосно покриени со сосот. Ако ви изгледаат суви, слободно додајте од водата во која се вареа тестенините, а која предходно ја зачувавте.
Послужете веднаш, одозгора наросете рендан пармезан, неколку капки маслиново масло и уживајте во убава карбонара.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник