Поврзи се со нас

Спорт

Шпанија е нов светски шампион во кошарка

Репрезентацијата на Шпанија е нов светски шампион откако во финалето ја победи Аргентина со 95:75 (14:23; 17:20; 16:23; 28:29). За Шпанија ова е втор златен медал на светските првенства, а Аргентина по финалето во 2002 година повторно го освои сребрениот медал.

Решавачката предност „црвената фурија“ ја направи во првото полувреме, кога направи и двоцифрена предност. Таа разлика Шпанија ја зачува и до крајот на натпреварот.

Најдобар поединец на финалето беше Рики Рубио со 20 поени и 7 скока.

Репрезентациите на Шпанија и на Аргентина обезбедија и директно учество на Олимписките игри во Токио.

Во натпреварот за третото место Франција ја победи Австралија со 67:59.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!