Поврзи се со нас

Вести

Шпанија од денеска го третира коронавирусот како грип

Објавено

на

Шпанија од денеска ја третира инфекцијата со коронавирус речиси како нормална болест, слична на грип. Оние кои ќе се заразат со коронавирус и ќе развијат само благи симптоми или воопшто немаат симптоми, можат да продолжат да водат нормален живот. Веќе не се задолжителни ниту тестови, ниту домашна изолација.

Досегашните мерки ќе продолжат да важат само за оние кои се изложени на ризик. Меѓу нив се луѓето на возраст над 60 години и оние со имунолошки дефицит, како и бремени жени и здравствени работници.

Тоа значи дека единственото нешто што останува од некогашните рестриктивни мерки против ширењето на коронавирусот во повеќето региони во земјата е задолжителното носење маски на јавни места, како и во автобуси, возови и авиони.

Во Галиција, приложувањето доказ дека некој е вакциниран, тестиран или излечен сè уште важи кога се влегува во болници и домови за стари и изнемоштени лица. Ограничувања има и за бројот на гости на една маса во рестораните. Но, и овие ограничувања треба да бидат укинати на 9 април.

Епидемиолошката ситуација во Шпанија, која беше особено тешко погодена на почетокот на пандемијата, сега е значително ублажена.

Седумдневната инциденца во петокот беше 227 на 100.000 жители, со само 3,6 отсто од сите болнички кревети зафатени од пациенти со Ковид-19. Речиси 85 проценти од популацијата се смета за вакцинирана, а 51 отсто примиле дополнителна доза на вакцина.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена