Поврзи се со нас

Вести

Шпат Исеини, кандидат за градоначалник на Гостивар од Коалицијата Алијанса за Албанците (НДП-Унитети)

Објавено

на

„Приоритет во Програмата ни е создавањето на нови работни места“

1. Што содржи вашата Изборна програма? Кои се приоритетните проекти со кои ја барате довербата на граѓаните на овие Локални избори?

Нашата изборна програма ги содржи сите локални проблеми и теми, бидејќи имаме доволно искуство за проблемите во Општина Гостивар, било тоа како директни актери или индиректно преку Советот на општината. Приоритет во нашата програма е создавањето на нови работни места, особено во приватниот сектор, преку создавање на максимални услови за нови инвестиции преку слободна економска зона, но исто така и во јавната администрација. Друг приоритет е децентрализацијата, особено фискалната децентрализација, зголемување на враќање на ДДВ до минимум 10%, зголемување на приходи од различни такси, соодветна алокација на дотации за капитални инвестиции, целосна имплементација на 1% од БДП за еднаков регионален развој, што се сите предуслови за развивање на локалниот економски развој, а истовремено и нови работни места. Други приоритетни проекти се завршување на сагата со филтер станицата на водата за пиење, објава на конкурс за идејно решение за плоштадот на градот, менаџирање и рециклирање со отпадот, и регулирање на хаосот во сообраќајот. Тоа се само еден дел од приоритетите на нашата изборна програма.

2. Што предвидувате во однос на задржување на младите во нивниот роден крај, ако се знае дека процесот на иселување на младата популација, па и на цели семејства го зафаќа гостиварскиот крај во поголеми размери изминатата деценија?

Овој феномен не е само гостиварски проблем, туку е проблем на целиот регион на Западен Балкан, па и пошироко. За овој феномен е потребна јасна национална стратегија за да ги задржиме младите, во спротивно последиците ќе бидаат огромни за државата. Тоа што можеме ние, на локално ниво, да направиме е да креираме што повеќе работни места,  бидејќи сите анкети велат дека на граѓаните приоритет број еден им е вработувањето, па така ова треба да биде од витален национален интерес.

3. Депонирањето на комуналниот отпад е најгорливиот проблем на Гостивар. Какво решение нудите?

Комуналниот отпад продолжува да биде горчлив проблем за Гостивар, па така решението е многу едноставно. Министерството за животна средина, заедно со Владата мора да им даде целосни ингеренции на општините за менаџирање со комуналниот отпад. Дефинитивно има потреба за промени во законот, да има целосна децентрализација и во областа на комуналниот отпад. Само на овој начин општините ќе имаат можност за поголема активност во потенцијалот за инвестиции со менаџирање на комуналниот отпад.

4. Што е првото нешто кое ќе го направите доколку седнете во градоначалничката фотелја на 16 октомври?

Првото нешто што ќе направиме доколку го добиеме мандатот од граѓаните е укинување на зонското паркирање бидејќи апсолутно не го реши хаосот во сообраќајот, иако целта на зонското паркирање беше регулирање на хаосот во собраќајот. Исто така, веднаш ќе почнеме со создавање на клима за инвестиции во приватниот сектор, со цел што е можно побргу да создадеме нови работни места.

5. Кој е Шпат Исеини приватно?

Шпат Исеини е 26 годишен, женет, и пораснал заедно со помладиот брат Шкемб Исеини само со мајка им, без татко, точно 20 години. Од време на време, заедно со брат ми и мајката, одиме во Швајцарија да работиме кај вујко ми, за да извадиме парче леб за фамилијата. Многу го сакам спортот, особено фудбалот, каде од време на време играм и активно со пријателите. Едно време бев и фудбалски судија, но сега немам доволно време. Сега сум посветен професионално на политиката, и сум апсолвент на политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 4 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 3 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 3 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 4 недели

Четири момчиња ноќеска завршиле во полициска станица во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена