Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што да јадете и пиете наутро за енергија и добар почеток на денот

Објавено

на

Дека појадокот не треба да се прескокнува, знаат сите. Но, за нашето здравје подеднакво е важно и која храна ја внесуваме наутро во организмот. Балканските навики во исхраната, за жал не се најдобри кога е во прашање појадокот. Каде најчесто грешиме?

Нутриционистите советуваат наутро да се избегнуваат печивата, да не се јаде бурек, сендвич, кифли, крофни. Наместо тоа, да се внесуваат намирници богати со витамини и растителни влакна.

ОВОШЈЕ: Било кое овошје да го изберете за појадок, нема да згрешите. Банана, јаболко, портокал…А може и сите заедно.

ЈОГУРТ: Околу 200 мл јогурт содржи протеини колку и еден среден месен оброк, што го прави одличен избор за наутро.

ЈАЈЦА: Иако содржат релативно високо ниво на холестерол, познато е дека тоа не влијае врз холестеролот во крвта. Во жолчката на јајцето има лутеин, антиоксиданс кој го содржат и кељот, спанаќот.

ПУТЕР ОД КИКИРИКИ:Во нашата исхрана малку се користи, а е доста препорачлив, особено за појадок. Две лажички путер од кикирики содржат 20% од потребното дневно количество на протеини за возрасен човек.

ЖИТАРКИ: Лесни за подготовка, корисни за организмот. Сепак, треба да се внимава и да се избираат оние без додаток на шеќери.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена