Вести
Што да правите за заштита од коронавирус?

Министерството за здравство информираше дека редовно ја следи состојбата со корона вирусот во земјава, досега не се забележани сомнителни случаи и дека се преземени сите мерки на заштита и превенција. И покрај тоа, согласно препораките на Светската здравствена организација, Министерството апелира до граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:
„Да не се консумира храна направена од болни животни, да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и задожително да се мијат рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка месо и јајца, тие добро термички да се обработат. Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили, додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема. Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или со диви животни. Задолжително и често миење раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол. Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.“, стои во соопштението од Министерството за здравство.
На аеродромот во Скопје е поставена термална камера за скенирање на патници, а деновиве се очекува да пристинат и околу 500 реагенси за испитување на коронавирус.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград