Занимливости
Што е абракадабра? Потекло и значење

Абракадабра е магичен збор кој често се изговара при изведување на трикови.
За поимот абракадабра сме слушнале сите, но дали знаете какво поточно значење има овој збор и како настанал?
Како што и сами знаете, абракадабра е магичен збор кој најчесто се изговара при изведување на трикови од забавен карактер. Денеска овој поим најчесто се користи за таа намена, а малкумина знаат дека за време на Римското царство тукму абракадабра било име на лек, кој се користел против непознати и смртоносни болести.
Во тоа време зборот абракадабра, се пишувал во форма на триаголник и како таква се замотувал во парче ленено платно, носејќи го околу вратот како амајлија. Овој збор имал голема моќ и се верувало дека штити од лоши духови кои носат болести.
Што се однесува до настанувањето на самиот збор абракадабра, се верува дека произлегува од грчкиот abrakas и директно бил поврзан со нумерологијата и боговите.
Иако зборот датира од 5.век пред новата ера, за прв пат се користи во 2.век во песната “De Medicina Praecepta” која ја напишал лекарот на римскиот цар Каракле. Тој на царот му го препишал овој збор, како лек против маларија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024