Поврзи се со нас

Македонија

Што е катаракта и како да се ослободите од неа?

Објавено

на

    Катаракта (перде) е заматување на природната леќа.Таа се појавува кај околу 70% од лица постари од 75 години и може да биде и вродена. Катарактата може да биде последица и на траума, метаболички болести (дијабетес, галактоземија), лекови (кортикостероиди), а може да настане и како компликација на други очни болести (увеитис, глауком) и да се појави заедно со други синдроми (на пр. Даунов синдром).

    Во некои случаи, кај почетната катаракта, видот може да се подобри со очила затоа што испакнувањето на леќата предизвикува миопизација (минус диоптрија), но со тек на времето и со напредувањето на заматувањето на леќата, очилата веќе не се корисни и единственото решение е операција на катаракта (перде).

     

    Симптомите на катаракта (перде), односно како може да осетите дека можеби имате катаракта се се манифестираат со:

    заматување на видот;
    губење на контраст;
    заблескување при јако светло;
    двојна слика;
    проблеми при читање, гледање ТВ и возење.

    Моментот кога ќе се посомневате, треба да појдете на преглед за да добиете и потврда од офталмолог. Прегледот за катаракта се состои од: рефракција, одредување на видна острина, мерење на очен притисок, преглед на очно дно, Ехо, Биометрија, IOL master. Оптичка биометрија е прецизна и точна неинванзивна метода со која се мерат анатомските карактеристики на очите. Со оваа метода се калкулира јачината на интраокуларната леќа кое мерење е потребно пред да се направи операцијата на катаракта. Точната калкулација на диоптрија на интраокуларните леќи е многу важна за остар постоперативен вид односно пациентот да гледа јасно по операцијата. За да се одреди јачината на диоптријата се користи апаратот кој се вика IOL master. Сите дијагностички испитувања се безболни.

    Катарактата и покрај тоа што може да  биде причина за губење на видот, само со еднодневна процедура ќе биде минато. Со модерната хирургија, со операција на катаракта (перде) се отстранува и диоптријата.

    Операцијата на катаракта (перде) може да се направи и на двете очи во ист ден. Прво се отстранува катарактата на едното око и се вградува интраокуларна леќа. Во текот на операцијата, пациентот е буден и разговара со хирургот и не чувствува болка.

    Во првите 3 дена по операцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото и првиот месец да се избегнува потешки напори како и кревање на тешки предмети. Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија. Најчесто спортските активности вообичаено се дозволени веќе по 2-3 недели по операцијата, во зависност од возраста на пациентот и интензитетот на вежбање.

    „Систина Офталмологија“ Гостивар

    Понеделник – Петок од 09:00 до 17:00 ч.
    ☎️ +389 42 210 800
    ☎️ +389 72 809 800

    „Систина Офталмологија“ Тетово

    Понеделник – Петок од 09:00 до 17:00 ч.
    ☎️ +389 44 357 111
    ☎️ +389 72 799 111

    (комерцијална објава)

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена