Здравје и убавина
Што е марципан и дали е здрав?

Марципанот е мешавина од сецкани бадеми и шеќер. Најпопуларен е во Естонија, Франција, Италија и Германија. Има специфичен вкус, па луѓето или го сакаат или мразат. Најчесто се користи за подготовка и украсување колачи.
Понекогаш може да содржи адитиви како кикиритки или други јаткасти плодови, ликери и бадемово масло. Други вообичаени додатоци на марципан можат да бидат и какаото, кората од портокал, разни ликери, зачини, јајца, природни или вештачки бои.
Корисни својства на марципан
Деликатесите на база на бадем содржат многу калории. Само 100 грама марципан, содржи дури 478 калории, 6,8 грама протеини, 21 грам масти и 65,3 грама јаглени хидрати.
Марципанот не е диетална храна, но не спаѓа и во нездрава. Богат е со витамин Е, кој е моќен антиоксиданс и активно учествува во борбата против стресот и емоционалната напнатост. Покрај тоа, витаминот Е ги штити клетките на телото од патогени надворешни фактори и ги спречува промените предизвикани од разни болести.
Постојат и несакани ефекти од марципан. На пример, луѓето кои се алергични на бадеми треба да го избегнуваат. Симптомите на алергија вклучуваат блага до тешка мачнина, отечени усни, грчеви, кивање, насолзени очи и вртоглавица.
Прекумерната потрошувачка на марципан го зголемува ризикот од дебелина, рак, срцеви заболувања и дијабетес тип II. Поради поголемата количина шеќер, марципанот може да предизвика расипување на забите и периодонтитис.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче