Поврзи се со нас

Забава

Што е Нова година и како се прославува низ светот

Објавено

на

Нова година се слави во сите краеви на светот речиси 4000 години. Научниците сметаат дека древните Вавилонци во областа на некогашна Месопотамија, први почнале да ја одбележуваат Новата година. Таа се славела како повторно раѓање на се во природата и било логично тоа да е на почетокот на пролетта кога се оживува. Се смета дека Вавилонците го славеле доаѓањето на Новата година дури 11 дена. И старите Египќани исто така го прославувале доаѓањето на Новата година. Во почетокот тоа било кон крајот на септември, во време кога Нил го поплавувал својот брег. Тоа било за Египќаните најважен ден во годината и означувал расцветување на растителниот свет, а со самото тоа и повеќе храна.

Нова година е ден што го означува времето на почетокот на нова календарска година. Година пак, е временски период за кој Земјата врши една потполна револуција (кружење) околу Сонцето и изнесува 365 дена 5 часа, 48 минути и 46 секунди или приближно 365,25 дена. Таканаречената „Граѓанска година“ која се користи во светот, од практични причини е заокружена на 365 дена, а остатокот од 6-те часа се „собира“ во текот на 4 години кога се додава како ден повеќе на месецот февруари (тогаш е престапна година).

Според грегоријанскиот календар кој денес се смета за „официјален“ светски календар, Новата година е на 1-ви јануари. Тоа, како традиција останало од стариот Римски календар поставен пред околу 2700 години, по кој е и редоследот на месеците како што го знаеме денес (јануари-декември). Прославувањето на Новата година е еден од најстарите обичаи. Новата година веројатно први почнале да ја слават древните Кинези или пак, старите Германи или Римјани.

По освојувањето на Европа, Римјаните Новата година ја славеле како симбол на почетокот на новиот живот и новите надежи за иднината. Тој обичај и значење се задржале до денешен ден. Во Средниот век, во разни подрачја на светот, Новата година започнувала на различни датуми: на 1-ви март, 25-ти март, 1-ви септември, 25-ти декември и др. Така, во Англија и Велс, до 1751 година, Новата година започнувала на 25-ти март, а од тогаш е прифатен датумот 1-ви јануари. Русите пак, некаде до X-тиот век, Новата година ја дочекувале и славеле на први март, како датум на пристигнување на пролетта. Празнувале во честа на Сонцето, а нивните обреди имале магиско значење. Во Јулијанскиот календар кој уште го применуваат некои цркви (Руската, Српската, Македонската), Новата година започнува на 13-ти јануари, од причина што овој календар доцни 13 дена зад новиот, Грегоријански календар. Кај нас датумот 13-ти јануари е познат уште како Стара Нова година (Нова година по стариот календар), православна Нова година (иако и многу православни цркви го прифатија и го употребуваат Грегоријанскиот календар) или под други називи. Како и да е, добрите познавачи на митологијата велат дека Новата година симболизира регенерација на космосот, копнеж за обновување и почеток на новото.

Иако денес 1 јануари е прифатен за почеток на Новата година, многу народи низ светот задржале традиционално да го прославуваат овој празник во различни времиња, па така Кина, држава со најголем број на жители почетокот на годината го прославува во време на младата Месечина. Според движењето на Месечината почетокот на годината го сметаат покрај Кинезите и Јапонците, Индијците, Виетнамците и уште некои други народи, а останатите го сметаат според Грегоријанскиот календар меѓу 31 декември и 1 јануари.

Одбележувањето и украсувањето во чест на Новата година, не било отсекогаш онакво какво што го знаеме денес. Во многу христијански земји, некаде пред околу два века, новогодишното дрво (елка) почнало да се кити со ѕвезда на врвот, светкави украси, венци, снег, а нешто подоцна како симбол се јавил и Дедо Мраз. Новогодишното дрво е симбол на древниот свет и претставува „космичко дрво“ кое покажува кон небото (вселената). Ѕвездата на врвот се поставува поради верувањата дека секој човек има своја ѕвезда која се појавува на небото во моментот на неговото раѓање и ја претставува неговата среќа. Подароците пак, се израз на желбата за благосостојба, па оттука украсувањето на домот, како и поставувањето на богати, свечени трпези. Инаку, поради Земјината ротација од запад кон исток како и поделбата на часовни зони, Новата година не пристигнува едновремено на целата Земјина топка. Првин започнува на островот Каролина (Република Кирибати), кој е речиси на самата Меѓународна датумска граница на Пацификот (всушност сосема малку позападно од датумската граница). Потоа доаѓа во Нов Зеланд, па во Австралија, во делови на Источна Азија, потоа во Централна и во Западна Азија. По десетина часа, Новата година ќе дојде во Европа, Африка, а уште 5-6 часа подоцна и во Америка. По речиси 24 часа откако настапила на островот Каролина, Новата година доаѓа и до последните места на Земјата-неколку групи острови сосема малку поисточно од датумската граница.

Инаку, Нова година низ светот се слави на различни и понекогаш за нас сосема необични начини.

Така, во Шпанија секое место си има своја прослава, а главна е прославата во Мадрид со голем огномет на полноќ. Во оваа држава, Новата година се дочекува со јадење на зрна грозје за секое отчукување на часовникот (вкупно 12).

Жителите на Данска, Новата година ја прославуваат со кршење на чинии и други садови кои ги собираат цела година за таа намена. Во новогодишната ноќ одат по куќите на своите пријатели и оставаат од скршените садови. Оној кој има најголем крш пред врата има и највеќе пријатели.
Во Јапонија овој празник се слави со свечена трпеза, а куќите се украсуваат со борови и бамбусови гранчиња. На полноќ доаѓањето на Новата година се огласува со 108 удари на звона од будистичките храмови, кои ги симболизираат 108-те можни гревови на човекот.

За Кинезите Нова година е празник кој вообичаено е меѓу 20 јануари и 19 февруари и трае цел еден месец. Тоа е најголем народен празник во чиј пресрет се чистат становите и куќите како симболика да се исчисти од домовите се што е старо, а на улиците се организираат прослави со огромни, најчесто црвени змејови од хартија како симболи на успех и моќ. Во Кина за Нова година се јадат мекици во вид на грутка што симболизира грутка злато и богатство.
Темпераментните Јужноамериканци, старата година ја испраќаат со огaн. Во Јужна Америка пред куќата обесуваат страшило облечено во стари алишта наполнето со стари весници и петарди и го палат. Горејќи го страшилото го горат сето она што било лошо во претходната година.

Норвежаните за новогодишната ноќ готват ориз во кој ставаат еден бадем. Оној што ќе го пронајде бадемот ќе биде многу среќен во Новата година.
Австралија и нејзиниот град Сиднеј ја дочекуваат Новата година на сонце и без снег. Повеќе од милион туристи од целиот свет и околу 300.000 жители на Сиднеј, уживаат во топлата новогодишна ноќ гледајќи го онометот, кој велат може да се види на оддалеченост од 16 км.
Франција е првата земја во Европа која почнала да го прославува пречекот на Новата година во 1563 година.

Во Индија дочекот на Новата година се вика Diwali – фестивал на светлината. Се слави три дена кон крајот на октомври или почетокот на ноември и секој град и село се украсени со сјајни светликави украси. Сè сјае и светка, а се украсуваат дури и животните. На новогодишното утро децата ги држат очите затворени и ги чекаат подароците. Diwali е и религиозен хинду празник, па затоа се носи цвеќе и овошје во храмовите.

Египќаните Нова година ја слават како национален празник. Иако се знае кога почнува Новата година, сепак се чека да излезе младата месечина пред официјално да се објави нејзиното доаѓање. Набљудувањето на месечината се врши во Мухамед Али џамијата која се наоѓа на врв на ридот над Каиро. Пораката се проследува до големиот муфтија и тој го прогласува доаѓањето на Новата година.

Како се слави во Ирак? Се слави на 21 март. Неколку дена пред Нова година Ирачаните ставаат зрна од пченица или јачмен да про’ртат. Никулците се симбол на нов живот. Се месат лепчиња за подарување, а по улиците се слуша дајре, труба и тапани.
Иранците ја слават Новата година на првиот ден од пролетта со про’ртен јачмен и пченица, а на трпезата има ситни парички, вапцани јајца и Куран во убав аранжман. Се прават 7 јадења што почнуваат на буквата „С“.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 26 минути

Обид за напад и закани вчеравечер во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 57 минути

Упатство за гласање на претседателските избори

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 4 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 5 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 19 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена