Бизнис
Што е потребно за да добиете заем како фриленсер?

Како фриленсер, добивањето на заем може да биде предизвик, особено кога не постои редовен месечен приход. Но, добивањето на заем како фриленсер не е невозможно!
Како за невработени лица, така и за фриленсери, постојат кредити кои се направени следејќи ги можностите и потребите на специфичната категорија на кредитобаратели. Па, што е потребно за да добиете заем како фриленсер?
Во продолжение, ќе ги разгледаме основните услови и чекорите што треба да ги следите за да го добиете заемот како фриленсер, како и советите што ќе ви помогнат да се подготвите и да го подобрите вашиот кредитен рејтинг.
Услови за заем за фриленсери: Што е потребно за да добиете заем како фриленсер?
За да добиете кредит како фриленсер, потребно е да се приложи доказ за стабилен приход кој ја потврдува вашата способност за отплата на месечните рати. Со ова, доверливоста кон кредитодавателот се зголемува, а со тоа и шансите за одобрување на ваков тип на кредит.
Се што е потребно за да добиете заем како фриленсер за да може да се квалификувате за фриленс потрошувачки кредит е:
Доказ за полнолетство и лична идентификација
Бидејќи фриленс работа може да работат и лица под 18 години, за добивање на фриленсер кредит адолжително е лицето да биде полнолетно и да приложи документ за лична идентификација.
Доказ за приход
За да се докаже дека едно лице е фриленсер, треба истото да обезбеди и приложи документација со која ќе потврди дека е примател на финансиски средства по основ на фриленс работа. Најчесто, кредитобарателот треба да обезбеди финансиски извештаи за примени приходи во изминатите 6 или 12 месеци, зависно од барањата на кредитодавателот.
Oвие документи ќе потврдат дека сте легитимен заемопримач и дека работите на начин кој може да обезбеди стабилен приход за враќање на заемот.
Кредитен рејтинг
Кредитниот рејтинг е еден од најважните фактори при одобрувањето на било кој заем. Кредиторите ја проверуваат вашата кредитна историја за да утврдат како сте ги управувале вашите финансии во минатото. Доколку имате добар кредитен рејтинг, ќе имате поголеми шанси да добиете заем со пониски каматни стапки и поповолни услови.
Фриленсерите со добар кредитен рејтинг обично добиваат подобри услови за заеми (пониски каматни стапки и поповолни рокови). Од друга страна оние со слаб кредитен рејтинг може да се соочат со повисоки камати или одбивање на апликацијата. Затоа е важно редовно да го проверувате и подобрувате вашиот кредитен рејтинг.
Кредитен капацитет
Со приложување на извештаи за докажување приход по основ на фриленс работење, кредитодавателот го разгледува кредитниот капацитет на лицето кое аплицира за кредит. Со ова, кредитодавателот се осигурува дека вашиот месечен приход е доволен за отплата на месечните рати за кредитот.
Приложување на доказ за заштеда или гаранција
Во зависност од износот на кредитот, некои кредитодаватели може да побараат гаранција во форма на парични заштеди или имот како дополнителна сигурност за заемот. Ако немате стабилни приходи или ако барате поголем заем, може да биде корисно да понудите некои од вашите средства или имот како гаранција.
Понудата на гаранција може да ја зголеми вашата шанса за одобрување на кредит, бидејќи го намалува ризикот за кредиторите. Ова може да биде особено корисно и ако имате помалку стабилен кредитен рејтинг.
Како да аплицирате за кредит како фриленсер?
Аплицирањето за кредит за фриленсери е едноставно и достапно онлајн. Откако ќе се соберат потребните документи, следен чекор е пополнување на апликацијата за кредит, онлајн или физички во просториите на избраниот кредитор.
Апликацијата за кредит најчесто вклучува информации за износот на кредитот, лични податоци за кредитобарателот и информации за извор и редовност на приходите, најчесто во периодот од последните 6 до 12 месеци.
Традиционален кредит или кредит за фриленсер?
Фриленсерите често се соочуваат со дилема – дали да аплицираат за традиционален кредит кој обично се нуди на вработени лица со стабилен приход или да бараат специјализиран кредит за фриленсери, кој е дизајниран да ги земе предвид нивните нестандардни извори на приходи.
Во продолжение, ќе ги разгледаме предностите и недостатоците на двете опции, со што, фриленс кредитобарателите ќе одлучат кој тип на кредит би бил идеален за нивните можности и потреби.
Tрадиционален кредит
Предности
- Пониски каматни стапки
- Поголеми суми на кредит
- Подолги периоди на отплата
Недостатоци
- Строги барања за стабилен месечен приход
- Поголема документација
- Помала флексибилност при прифаќање на различни извори на приход
Кредит за фриленсери
Предности
- Поголема флексибилност при проценка на приходите
- Прилагодени услови за отплата
- Брз процес на одобрување
Недостатоци
- Помали износи на кредит
- Потреба од пообемна документација за приход (фuактури, банкарски извештаи).
Ако имате стабилен и редовен приход од вашата фриленс работа и можете да ги исполните строгите критериуми, традиционалниот кредит може да биде поисплатлива опција.
Меѓутоа, ако вашиот приход варира и ви е потребна флексибилност во условите за отплата, кредит специјално наменет за фриленсери ќе биде подобар избор.
Заклучок
Се што е потребно за да добиете заем како фриленсер се доказ за приходи од фриленс работа, документи за лична идентификација и добар кредитен рејтинг. Фриленсер кредитот е специјално наменет за лицата кои не се во редовен работен однос, но имаат потреба од дополнитени средства за покривање на непредвидени или планирани трошоци.
Зависно од потребите и можностите за исплата на месечните рати, фриленсерите можат да одберат традиционален или фриленс потрошувачки кредит кој е најчесто лесно достапен во многубројните финансиски друштва.
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?