Здравје и убавина
Што е „зимски блуз“ и од кои причини се појавува?

Помалку Сончева светлина, постудени денови, подолги ноќи и помалку време надвор – сѐ тоа може да влијае на психичкото здравје на луѓето. Во овие есенски месеци од годината, многумина доживуваат промени во расположението – и тоа е вообичаено. Здравствените стручњаци откриваат зошто тоа се случува, како може да се справиме со промените во менталното, емоционално и физиолошко здравје и како да се подобри расположението?
Тоа сезонско афективно растројство, што уште се нарекува и „зимски блуз“, е вид депресија што се јавува во есенските и зимските месеци, кога, меѓу другото, изложеноста на природна Сончева енергија е намалена.
Д-р Рајан Султан, истражувач и психијатар на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД, истакнува дека тоа е призната состојба што се одликува со промени во расположението и однесувањето токму зиме и наесен.
„Додека многу луѓе доживуваат поблаги промени во расположението во текот на зимата, сезонско афективно растројство претставува потежок и клинички позначаен облик на таа состојба… Точната причина за „зимскиот блуз“ не е целосно разјаснета, но се верува дека неколку фактори придонесуваат за неговиот развој. Меѓу основните фактори е намалената изложеност на Сончева светлина во текот на есенските и зимските месеци“, појасни д-р Султан.
Сонцето е она што носи енергија и оптимизам во кои луѓето уживаат во потоплите денови. Темнината што сега почнува околу 17 часот, според стручњакот, може да поттикне развој на сезонско афективно растројство.
Покрај падот на енергијата и лошото расположение, таа сезонска депресија може да донесе и низа други емоции и состојби, како што се зголемена грижа, замор, анксиозност, поспаност, летаргија, слаба концентрација и слично.
„Важно е да се напомне дека овие симптоми обично се појавуваат кон крајот на есента или почетокот на зимата и се намалуваат кон пролетта. Сепак, зимата треба да се преживее, без разлика дали ја сакате или не, бидејќи и таа е дел од годината и не може да се избегне… За да си го олесните овој период и да не паднете во целосна депресија, обидете се секој ден да направите нешто убаво за себе за коешто знаете дека ќе ви донесе насмевка на лицето и топлина во вашето срце“, истакнува стручњакот.
Симптомите на сезонско афективно растројство може да варираат по сериозност, но обично го вклучуваат следново: Постојани чувства на тага, безнадежност или вознемиреност; ниска енергија и поголем замор; поголема потреба за сон и отежнато будење наутро; желба за јаглени хидрати и зголемување на телесната тежина; тешкотии во концентрацијата и одлучувањето; социјално повлекување и намален интерес за активности; раздразливост и зголемено чувство на отфрленост.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос