Гостивар
Што го загадува воздухот кој го дишат гостиварци и какви мерки се потребни
Нарушувањето на квалитетот на воздухот е се повеќе присутно во градовите и истото се должи на секојдневните човекови активности. Со овој проблем се соочува и општина Гостивар каде што и покрај ветрот, се забележува зголемено загадување на воздухот, пред сé во урбаниот дел, односно во самиот град.
Минералната прашина од каменоломите – најголем извор на загадување на воздухот во Гостивар
Според истражувањата спроведени во текот на една година во општина Гостивар, специфично е што најголемото загадување доаѓа од минералната прашина, прашината од градежништво и ресуспензијата од улиците, односно од големиот број на каменоломи во близината на градот. Овој извор на загадување се забележува во текот на целата година, а особено доминира во летниот период. 28% од загадувањето на воздухот во градот е токму од овој вид на загадување.
Согорувањето на биомаса – втор доминантен извор на загадување на воздухот во градот
Значително загадување на воздухот на територијата на општина Гостивар се регистрира особено во студените зимски месеци, пред сé заради согорувањето на биомасата. Согорувањето биомаса е поврзано главно со греење на домаќинствата, но тука влегува и согорувањето биомаса во фурни, ресторани, како и во мали индустриски објекти што се греат на дрва или произведуваат топлинска енергија за својот технолошки процес.
Сообраќајот во градот – трет доминантен загдувач на воздухот
Сообраќајот е третиот, но не и помал извор на загадувањето на воздухот во Гостивар. Загадувањето од сообраќајот е застапено во текот на целата година, а особено во летните и есенските месеци.
Целта на овие истражувања за квалитетот на воздухот е да се поттикнат националните и локалните власти, локалните заедници и институции, домаќинствата, компаниите и сите останати, да преземат активности и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Инвестиции, мерки и активности во справување со загадувањето на воздухот во Гостивар
Од сетот мерки што треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот во општина Гостивар се пошумување на градот, проширување на зелените површини и велосипедските патеки, зголемување на енергетската ефикасност на индивидуалните и јавните објекти и поставување на фотоволтаици, замена на старите печки на дрва со нови енергетско ефикасни топлотни пумпи или инвертери, користење на прскалки при работата на каменоломите, набавка на цистерни и метларки и друга механизација., со цел намалување на прашината што се лепи на улиците во градот.
Истражувањето на изворите на загадување на воздухот го подготви лабораторијата АМБИКОН при Универзитет „Гоце Делчев “– Штип во рамките на проектот „ Справување со загадувањето на воздухот “што го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.
Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамките на програмата исто така се спроведува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти “.
Повеќе информации за истражувањето можете да најдете на следниот ЛИНК.
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос