Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што ќе се случува во вашето тело кога ќе престанете да пушите?

Објавено

на

“Со 4000 штетни хемикалии во секоја цигара, секогаш кога ќе вдишите чад во вашите бели дробови, му нанесувате штета на вашето тело, вашето лице, на забите и кожата“, тврди др. Питер Селби, клинички директор на програмата за зависности и ментално здравје во Торонто.

Кога ќе престанете да пушите, безмалку истиот момент вашето здравје започнува да се подобрува. Иако одвикнувањето не е едноставно, ако се сконцентрирате на следниве здравствени придобивки, тоа сигурно ќе ви помогне да ги оставите цигарите.

Ова се промените кои се случуваат во вашето тело кога ќе престанете да пушите.

После 20 минути: Вашиот крвен притисок и пулсот ќе опаднат. Температурата на рацете и нозете ќе се врати во нормала.

После 8 часа: Јаглеродмоноксидот во крвта ќе падне на нормала. Нивото на кислород ќе се зголеми на нормала.

После 24 до 48 часа: Ризикот од срцев удар се намалува. Вашиот вкус и мирис се зајакнати.

После 72 часа: Дишењето станува полесно. Имате повеќе енергија.

После две недели: Вашата циркулација се подобрува и продолжува да се подобрува следните 10 недели.

После два до три месеци: Вашата циркулација е значително подобрена. Пешачењето станува полесно. Функцијата на белите дробови се зголемува за дури 30%.

После девет месеци до една година: Се намалува кашлањето, заморот, проблемите со синусите и отежнатото дишење. Белите дробови се многу поотпорни на инфекции. Ризикот од срцеви заболувања се намалува за половина, во однос на пушачите.

После три години: Ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар се намалува на ниво на непушач.

После пет години: Шансите да заболите од рак на белите дробови се намалуваат безмалку за половина, во однос на пушачите. Ризикот од рак на уста, грло и хранопровод исто така е намален за половина.

После десет години: Шансите де умрете од рак на белите дробови се еднакви на шансите на лицата кои никогаш не запалиле цигара. Преканцерозните клетки се заменети. Ризикот од рак на уста, грло, хранопровод, мочниот меур, бубрег и панкреас значително се намалува.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 39 минути

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена