Занимливости
Што се случува во Венеција? – Каналите без вода
Изминативе денови во Венеција е забележана необична слика. Познатите канали низ Венеција се пресушени после невообичаените метеролошки прилики. Всушност, ниското ниво на морето, појавата на “супер крвавата сина Месечина”, плимата, малото количество на врнежи, причина се за ретко видени кадри од една од најпознатите туристички дестинации во Светот. Насукани гондоли и бродчиња во калта од пресушените канали. Се работи за редок феномен поради кој дел од каналите се потполно затворени, во функција е само главниот Голем канал за водените градски автобуси со кои се пренесуваат туристите и жителите на Венеција.
Сепак ова не е прв пат Венеција да се соочува со ниско ниво на вода. Во 2016 нивото паднало за 66 сантиметри под дозволеното, додека 1989 нивото било пониско за 90 сантиметри. Рекордот е поставен 1934 кога нивото на вода во Венеција било дури 121 сантиметар под дозволеното. Венеција има се поголем проблем и со зачестените поплави.
Покрај сите овие проблеми во Венеција секоја година има се повеќе туристи, што локалното население го доведува до лудило. Од 1950 кога Венеција имала 175.000 жители, денес бројката е смалена на 55.000.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар