Поврзи се со нас

Вести

Што се знае за првата регистрирана вакцина против КОВИД-19

Претседателот на Русија Владимир Путин во вторникот соопшти дека е регистрирана првата вакцина на светот која ја спречува инфекцијата со коронавирусот. Вакцината наскоро ќе биде пуштена во производство. Дознајте како Русите успеаја да создадат вакцина.

Објавено

на

    Рускиот претседател Владимир Путин на советувањето со членовите на владата на 11 август 2020 година соопшти дека е регистрирана вакцина за коронавирусот која го доби името „Спутник V“ според првиот земски вештачки сателит, исфрлен во орбитата во 1957 година. Тој воедно изјави дека неговата ќерка ја добила вакцината.

    „Една од моите ќерки ја прими оваа вакцина. Во таа смисла таа зеде учество во експериментот. По првата доза имаше температура 38, а следниот ден нешто над 37, и тоа беше целата реакција“, раскажа Путин.

    Министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко додаде дека вакцината од септември 2020 година ќе ја произведува центарот „Гамалеи“ на Министерството за здравство на Русија и компанијата „Бинофарм“.

    Првата вакцина во светот против инфекцијата со новиот коронавирус е регистрирана во Русија на 11 август. Руската вакцина за коронавирусот за граѓаните ќе биде пуштена во промет на 1 јануари 2021 година, врз основа на државниот регистар за медицински препарати на Министерството за здравство на РФ.

    Првата вакцина во светот против инфекцијата со новиот коронавирус е регистрирана во Русија на 11 август. Руската вакцина за коронавирусот за граѓаните ќе биде пуштена во промет на 1 јануари 2021 година, врз основа на државниот регистар за медицински препарати на Министерството за здравство на РФ./Sputnik

    Производството на вакцината го финансира Рускиот фонд за директни инвестиции. Овој фонд во производството вложи вкупно 4 милијарди рубли (околу 54.2 милиони американски долари). Вакцината ќе биде масовно тестирана во Русија, но и во странство – во Обединетите Арапски Емирати, во Саудиска Арабија и во низа други земји на Латинска Америка, на Блискиот Исток и во Азија, соопшти раководителот на фондот Кирил Дмитриев.

    Тој прецизираше дека 20 земји веќе имаат нарачано вкупно милијарда дози од вакцината.

    „Заедно со странските партнери ние сме веќе подготвени во пет земји да обезбедиме производство на над 500 милиони дози вакцини годишно и планираме дополнително да ги зголемиме производните капацитети“, рече Дмитриев.

    За граѓаните вакцината ќе биде пуштена во оптек на 1 јануари 2021 година, се соопштува во официјалниот Телеграм-канал на оперативниот штаб на Москва за борба против коронавирусот. Во Русија вакцината најпрво ќе ја примат медицинските и просветните работници, изјави министерот за здравство Мурашко. Путин соопшти дека вакцинацијата ќе биде доброволна.

    Создавањето вакцина и мајмуни-доброволци

    Во лабораторијата на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ за време на работата на вакцината против коронавирусот (КОВИД-19) во Москва, Русија, 6 август 2020 година.

    Во лабораторијата на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ за време на работата на вакцината против коронавирусот (КОВИД-19) во Москва, Русија, 6 август 2020 година./Reuters

    Научниците од рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Академик Гамалеи“ почнаа да работат на вакцината уште во февруари 2020 година, зашто веќе тогаш беше јасно дека светот се соочува со големи проблеми. Тимот научници го предводеше микробиологот и заменик-директор на Центарот Денис Логунов.

    Создавањето на вакцината траеше само 14 дена, соопшти Логунов во интервју за порталот Медуза. Според него, пред почетокот на работата на вакцината истражувачите три години подготвувале вакцина против вирусот на блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС, нагло почна да се шири во 2012-2013 година).

    Во лабораторијата на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ за време на работата на вакцината против коронавирусот (КОВИД-19) во Москва, Русија, 6 август 2020 година

    Во лабораторијата на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ за време на работата на вакцината против коронавирусот (КОВИД-19) во Москва, Русија, 6 август 2020 година

    Оваа работа бавно се развиваше, така, на почетокот на 2020 година Центарот стаса дури до втората фаза од клиничкото тестирање.

    „Кога се појави друг коронавирус, најблизок роднина од групата на бета коронавируси, воопшто не се двоумевме како да постапиме и што да правиме. Немаше никакви ‘авторски дилеми’. Едноставно направивме копи-пејст во буквална смисла“, рече Логунов.

    За создавањето на вакцината научниците искористиле вирус кој служел како носител. Тој ја доставува во човековиот организам генетската информација за коронавирусот и предизвикува реакција на имуниот систем.

    Вакцината е тестирана на глувци, на хрчаци и на два вида мајмуни, на резус макаки и на мармозети.

    Првото тестирање на луѓе и протест на фармацевтските компании

    Кадар од видеоснимка што МО на Русија го стави на располагање во среда 15 јули 2020 година. Медицински работници во заштитна опрема се подготвуваат да вадат крв на доброволци кои учествуваат во тестирањето на вакцината од коронавирусот во Главната воена болница „Бурденко“ во близина на Москва.

    Кадар од видеоснимка што МО на Русија го стави на располагање во среда 15 јули 2020 година. Медицински работници во заштитна опрема се подготвуваат да вадат крв на доброволци кои учествуваат во тестирањето на вакцината од коронавирусот во Главната воена болница „Бурденко“ во близина на Москва./AP

    Клиничкото тестирање на новата вакцина започна на 17 јуни 2020 година во Првиот московски државен универзитет „Сеченов“ и во воената болница „Бурденко“. Во тестирањето учествуваа 76 лица. Ниту кај едно лице нема покажано непредвидливи реакции, тврди Логунов.

    Кај испитаниците забележани се мали пропратни ефекти: температура, болка и исфрлање на местото на убодот.

    Министерот за здравство Мурашко на 1 август за новинарите соопшти дека медицинскиот универзитет и болницата го завршиле клиничкото тестирање и дека Центарот ги подготвува документите за регистрација на вакцината.

    Подоцна, на 10 август, Асоцијацијата на организации за клинички испитувања (АОКИ, опфаќа фармацевтски компании и истражувачки организации) на министерот му упати молба регистрацијата на вакцината да биде одложена. Ова го соопшти порталот Медуза кој дошол до копија од ова писмо.

    Доброволците кои учествуваа во тестирањето на вакцината за КОВИД-19 излегуваат од болница, Главна воена клиника „Бурденко“, кадар од видеоснимка што на 20.7.2020 година ја стави на располагање Министерството за одбрана на РФ.

    Доброволците кои учествуваа во тестирањето на вакцината за КОВИД-19 излегуваат од болница, Главна воена клиника „Бурденко“, кадар од видеоснимка што на 20.7.2020 година ја стави на располагање Министерството за одбрана на РФ./Sputnik

    Членовите на асоцијацијата тврдат дека вакцината не треба да биде регистрирана поради тоа што во клиничкото тестирање не учествувале „дури ни стотина луѓе“, а самата вакцина за МЕРС засега ја нема потврдена својата ефикасност.

    „Забрзаната регистрација нема да придонесе Русија да стане лидер во оваа трка, ами само ќе се изложи на непотребна опасност за крајните корисници на вакцината, односно граѓаните на РФ“, се наведува во писмото.

    Логунов тврдеше дека вакцината задолжително ќе биде тестирана на илјадници луѓе, но Центарот сака да добие итна регистрација со определени ограничувања за да започне тестирање на вакцината на луѓе од ризичните групи (во ризичните групи спаѓаат постарите лица, како и луѓето со сериозни здравствени проблеми).

    „Што значи тоа ‘со определени ограничувања’? Тоа значи дека ако на голем примерок не ги добиеме истите резултати, тогаш регистрацијата ќе престане да важи. Поради тоа задолжително ќе следува уште пошироко испитување и тоа ќе трае половина година. И дури кога ефикасноста и безбедноста ќе биде докажана, ќе добиеме потврда за трајна регистрација“, објасни Логунов. Истото е потврдено и во Федералната здравствена инспекција („Росздравнадзор“), главен регулатор во сферата на заштитата на здравјето.

    Извор: Russia Beyond

    Сподели на:
    Остави коментар

    Leave a Reply

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement

    Анкета:

    Дали треба да се скрати работното време на администрацијата во петок на 4 часа?

    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 9 часа

    Д-р Угриновски во Гостивар: „Кој еднаш отишол на планина, секогаш ќе ѝ се враќа“

    Гостиварпред 10 часа

    411 новозаразени со корона во земјава во последното деноноќие

    Вестипред 13 часа

    Вештачката интелигенција во борбата против смртоносните вируси

    Гостиварпред 14 часа

    Основниот суд Гостивар ги отвора вратите за граѓани, студенти и ученици по повод Европскиот ден на правдата

    Македонијапред 15 часа

    ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане

    Гостиварпред 15 часа

    25 годишна девојка приведена и задржана во ПС Гостивар

    Што, како, каде?!пред 17 часа

    Нова неделна акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

    Гостиварпред 18 часа

    Викенд временска прогноза

    Што, како, каде?!пред 18 часа

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Вестипред 19 часа

    Славниот актер Алек Болдвин ја застрела директорката на фотографија на снимање на филм

    Македонијапред 1 ден

    Уапсена жена во Гостивар за издржување 12 годишна затворска казна

    Здравје и убавинапред 1 ден

    Кога треба да се запре со тренингот?

    Македонијапред 1 ден

    Тестирани за коронавирус 3.073, позитивни 490

    Вестипред 7 дена

    КК Гостивар денеска му гостува на МЗТ 2 во Скопје

    Гостиварпред 2 недели

    Гостиварка со повик до кандидатите за градоначалник: Потпишете декларација за лицата со посебни потреби

    Гостиварпред 4 дена

    Гостиварци се мобилизираат за помош на семејството на малата Лена

    Гостиварпред 1 недела

    Пофалница и награда за Тамара од Гостивар, како еден од најдобрите дипломци на УКИМ

    Гостиварпред 2 недели

    Три нови потврдени случаи на коронавирус во Гостивар, во земјава 344

    Локални избори 2021пред 1 недела

    Бејта: За само 100 дена Гостивар ќе биде чиста општина, еве ги првите 24 проекти

    Гостиварпред 2 недели

    Над 200.000 евра е највисоката добивка во Гостивар од игри на среќа лани

    Гостиварпред 2 недели

    Во дел од Гостивар денес ќе нема струја неколку часа

    Локални избори 2021пред 1 недела

    Проект за модерен и инклузивен плоштад во Гостивар презентира АА/А

    Македонијапред 1 недела

    Здравствените власти не очекуваат нов силен ковид бран, наскоро во кафуле само со 2 дози вакцина

    Културапред 2 недели

    Битолскиот театар со награда за најдобра претстава на фестивалот „Отело“ во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Нова неделна акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

    Локални избори 2021пред 2 недели

    Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ и АА во Гостивар заедно на марш „Напред розово!“

    Спортпред 2 месеци

    КК Гостивар започна со подготовките за новата сезона

    Спортпред 5 месеци

    ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

    Гостиварпред 5 месеци

    Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

    Гостиварпред 5 месеци

    Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

    Гостиварпред 5 месеци

    Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

    Гостиварпред 6 месеци

    Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

    Гостиварпред 8 месеци

    На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

    Гостиварпред 9 месеци

    Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

    Спортпред 1 година

    На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

    Гостиварпред 1 година

    ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

    Спортпред 1 година

    Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

    Отворени работни места во Полог:

    Популарно изминативе 100 дена

    error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!