Поврзи се со нас

Занимливости

Што стилот на облекување кажува за човекот?

Објавено

на

Велат, облеката не го прави човекот – човек. Но сепак, таа е првиот начин на невербална комуникација со другите. Пред сѐ, секој има различен моден вкус и право на избор за тоа како сака да изгледа и во што се чувствува најдобро. Следат 10 парчиња облека и нивното модно толкување – што тоа вели за човекот?

Цветни шари за „нежните души“!

Ако носите цветни дезени, веројатно Вие сте „топла и нежна личност“, пишува „Индекс“. Луѓето кои сакаат цветни шари, најчесто се опишуваат како друштвени и пријателски расположени. Постојат дури и некои специфични теории за различните цвеќиња. Наводно, луѓето кои сакаат маргаритки, се радуваат на секое мало нешто во животот, а оние кои сакаат рози се „непоправливи романтичари“. Во секој случај, цветните шарени дезени можат да се носат на маици, фустани, па дури и чевли.

„Луѓе во црно“

Според истражувања на психолозите, доколку некој носи црно, луѓето ќе го доживуваат како сериозен, сигурен и самоуверен. Затоа велат дека црната облека е идеален избор за деловен разговор, но и за – прв состанок. Луѓето кои носат црн костум сакаат да се чувствуваат моќни, а исто така се и бунтовници кои не сакаат авторитети.

Зошто да се вклопите ако можете да се истакнете?

За разлика од луѓето кои претпочитаат црна облека, има и такви кои обожаваат понеобични дезени и кроеви. Тука спаѓа облеката со печати или натписи со некоја порака. А, тоа се духовити луѓе кои знаат добро да се забавуваат и немаат проблем да бидат во средиштето на вниманието.

Спортски стилови

Луѓето кои сакаат спортска облека најмногу ја ценат удобноста и едноставноста и не се оптоваруваат премногу со мислењето на другите. Ако го претпочитате тој стил, веројатно Вие сте „тимски играч“ – верен на оние што ги сака. Освен тоа, луѓето кои се облекуваат спортски се секогаш расположени за нови авантури, енергични се и имаат силен натпреварувачки дух. Со спортски маички и тренерки секогаш ќе бидете во движење, без разлика на надворешните температури.

Трендсетери

Има некои луѓе кои можат да комбинираат нешто навидум некомпатибилно и да се справат со тоа со таква самоувереност, така што и другите ќе сакаат да ги копираат. Можеме да кажеме дека благодарение на нивната креативност и храброст, овие „ексцентрици“ честопати се пред своето време. Но, ним најважно им е да се задоволни во својата кожа. И, навистина, не е лошо понекогаш и Вие да ги копирате, и во облекувањето и во смелиот начин на размислување.

Ретро-стил

Понекогаш Ве привлекува плакарот на Вашата мајка или баба – за „да ископате“ нешто што тие го носеле во младоста. За оние луѓе со ваква страст и носталгија, се вели дека сакаат да се сеќаваат на сè што било убаво и романтично некогаш. Тие сакаат нивната облека да има приказна, па избираат да носат нешто со точки, широки фустани, големи капи и слични украси.

Лежерноста е за оние кои знаат што сакаат!

Некои луѓе сè уште претпочитаат фармерки, маица и патики. Другите нив ги доживуваат како луѓе кои стојат цврсто на земја, знаат што сакаат, но се одликуваат со пристапност.

Преголемото е вистинската големина!

Ако удобните, широки џемпери, дуксерки со длабоки џебови и поголемите панталони или тренерки се Вашиот прв избор, станува збор за практични типови на кои најважно им е облеката да им биде удобна. Тие се водат од разумот и нивните пријатели знаат дека од нив секогаш може да добијат корисни и искрени совети. Тие сакаат големи маици и панталони кои можат „да ги поклопат“ и згреат, особено во студените есенски и зимски месеци

Патики се признак за вечна младост

Доколку патиките се Вашето омилени обувка, веројатно станува збор за „вечно млада личност“, по дух. Заради впечатлив изглед, луѓето честопати посегаат по патики со цик-цак дезен, и црни, бели или беж еднобојни патики кои одговараат на сите комбинации.

Чизми до глужд во кои одот е посамоуверен

Додека во патиките се чувствуваме „лесно како пердув“, чизмите на стапалата даваат чувство на моќ. Голем хит оваа сезона се чизмите до глужд, кои одлично се вклопуваат во сите есенски и зимски комбинации – од здолништа до фустани и фармерки. Може да се избере класичен црн модел, но нешто поинакво, поразлично, посмело.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена