Здравје и убавина
Што треба, а што не треба да се јаде за блескав и здрав тен?

Зимските месеци можеби оставиле свој белег на вашата кожа. Ладниот и сув воздух и ниските температури можат да ја исушат кожата. Исто така, можно е вашата кожа да е склона кон пукање и да е оштетена, па во текот на годината, а особено во зима треба да се грижите за вашата кожа, да ја навлажнувате и редовно да ја чистите. Во тоа може да ви помогне двојното чистење на лицето кое длабински ги отстранува нечистотиите.
Придобивките од чистењето на лицето се одлични за вашата кожа, а подеднакво е пожелно да се користат препарати на природна основа. Можете исто така да изберете производи со витамин Ц. Дополнително, обидете се да додадете навлажнувачки производи кои содржат хијалуронска киселина, како и серум во вашата основна рутина за нега на кожата, кои, покрај обновувањето на хидратацијата, помагаат и во негување на бариерата на кожата. Со соодветна грижа, поблиску сте до здрава и сјајна кожа.
Секако, треба да останете хидрирани и одвнатре. Со други зборови, за здрав тен потребно е да се внесуваат доволно течности, но и да се внимава на исхраната. Нездравите навики како што се пушењето, мрсната и претерано солената и слатка храна негативно влијаат на тенот на долг рок. Во продолжение дознајте кои други намирници и пијалоци можат да ја исушат вашата кожа без воопшто да го воочите тоа.
Кофеинот
Утринското кафе е незаменлив ритуал за многумина, но премногу кофеин има диуретично дејство што значи дека придонесува за дехидрација. Експертите тврдат дека премногу кофеин го намалува сјајот и еластичноста на кожата, а особено е ризично цел живот да пиете кафе со шеќер. Поентата е јасна: подобро е да пиете црно кафе без шеќер или да се префрлите на зелен чај.
Зелениот чај е добра замена за кафето бидејќи има антиоксиданси кои спречуваат воспаление и црвенило на кожата. Една или две шолји зелен чај може да го стимулира производството на колаген. Покрај тоа, премногу кафе може да го наруши сонот. Несоницата или неквалитетниот сон може да доведат до дехидрација на кожата, забрзано стареење и да остават видливи темни кругови.
Газирани пијалоци
Ако премногу шеќер е непријател на еластичноста на кожата, лесно е да се заклучи дека не треба да се претерува ниту со газираните пијалоци. Шеќерот во газираните сокови е една од водечките причини за дијабетес, што исто така може да доведе до предвремено стареење. Газираниот сок, исто така, промовира дехидрација, што според експертите ја прави кожата склона кон брчки.
Што друго треба да се избегне?
Во секој случај, за здрав тен треба да избегнувате рафиниран шеќер, масна, пржена храна и премногу солена храна. Секако, алкохолот е и диуретик, а претерувањето со него може да доведе до дехидрација и исцрпување на антиоксидансите, што ја прави кожата почувствителна на ултравиолетовите зраци и штетните материи.
Што треба да се јаде за да се има здрава кожа?
За здрава кожа, треба да пиете доволно вода и да јадете урамнотежена исхрана. Не заборавајте да вклучите бобинки, дињи, пиперки, спанаќ и краставици на менито бидејќи овие намирници хидрираат. Варениот зеленчук е секогаш подобра опција. За блескав тен се препорачува и храна богата со омега-3 масни киселини кои се наоѓаат во авокадото, чиа семето, лененото семе, јаткастите плодови, маслинките и рибата.
Здравите навики добро ќе влијаат и на вашата кожа, која заедно со исхраната вклучува доволно сон, физичка активност и регулирање на стресот. Во спротивно, вашиот тен и вашата кожа ќе ви возврати на не толку убав начин.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо