Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 08/03/2019 | 18:26

Што треба да се знае за црвеното месо?

Црвеното месо тешко може да го исфрлите од домашното мени. И покрај преголемото количество на масти, црвеното месо е полно со протеини, цинк и витамин Б12. Како и секоја храна има свои позитивни и негативни страни, но негативните се многу поголеми.

Црвеното месо помага за поздраво срце

Според студијата на Мајкл Расел, лицата кои конзумирале говетско месо успеале да го намалат холестеролот. Ова својство се должи на двата вида масти кои ги содржи говетското месо: стеаринска киселина (заситени масти) и олеинска киселина (мононезаситени масти).

Прерана смрт

Според истражувањата на Харвард, секојдневното конзумирање на црвено месо го зголемува ризикот од прерана смрт за 13%. Доколку секој ден конзумирате по една порција сланина или колбаси ризикот се зголемува за 20 %. Оваа опасност се должи на зголеменото ниво на холестерол и маснотии.

Подобрување на расположението

Според една австралиска студија се покажува дека со секојдневно конзумирање на 50 грама говетско или јагнешко месо помала е опасноста да станете депресивни или анксиозни. Тоа се должи на омега 3 масните киселни кои ги има во месото.

Го зголемува ризикот од канцерогени заболувања

Особено е штетно црвеното месо печено на скара. Месото печено на многу висока температура предизвикува реакции на две хемикалии, и тоа хетероциклични амини и полициклични ароматични јаглеводороди. Овие хемикалии го забрзуваат растот на мртвите клетки во организмот.

Не го изоставувајте целосно овој продукт од домашната трпеза. За да се заштитите од неговите негативни својства конзумирајте го понекогаш и практикувајте пред сè варено црвено месо.

Напишете коментар

Close