Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што вели науката за соништата кои ви се повторуваат?

Објавено

на

Соништата што се повторуваат, не се типични кошмари. Тие обично имаат насока да бидат негативни, а за нивно надминување е потребен одреден напор… Имено, тие може да се појават поради различни причини – од прекумерно внесување кофеин до некои долгорочни проблеми во умот.

„Со оглед на тоа соништата обично не се повторуваат, потребно е само да го имаме истиот сон најмалку двапати, за да го наречеме повторлив… А, повторливите соништа се најверојатно поврзани со длабоките животни искуства или карактеристични логички дилеми коишто сигурно се повторуваат и кога сте будни, бидејќи тие се „дел од вас“, а не еднократен настан“, објасни истражувачот на соништа, Дејрдре Берет, инаку професор по Психологија на Катедрата за психијатрија во Медицинскиот факултет при Харвард.

Соништата, вообичаено, се почести во детството, но може да продолжат и во зрелоста. Исто така, тие не мора да се случуваат последователно – може да се појават неколкупати месечно или дури и со разлика од неколку години.

Стручњакот за медицина на спиењето, д-р Алекс Димитриу од Универзитетот Стенфорд, вели дека сè што се повторува вреди да се истражи.

„Како психијатар, јас сум склон да велам дека има некоја порака што можеби се обидува да ви се пренесе. Одговорот можеби е да сфатиме што е тоа“, истакна тој.

За некои повторливи соништа, стручњаците велат дека пораката е јасна – ако сонувате дека доцните на училиште или на работа, веројатно не сте подготвени за тие нешта. А пак други сонови, и покрај нивната вообичаеност, можеби немаат универзално значење. Тука треба да се направи малку поопсежна анализа за да се дознае повеќе.

„Кога ќе се соочите со повторлив сон, запрашајте се – која би можела да биде пораката? Каква е вашата врска со појавите или луѓето во сонот? Кои се вашите стравови, но и ставовите и верувањата за тие работи? Кои се првите пет работи во вашиот живот што може да ги активираат или се поврзани со сѐ тоа? За што навистина сте загрижени? Би било добро да се направи неформално толкување на соништата, или сами, или со блиска, доверлива личност која може да ја види состојбата од друг агол“, појасни Димитриу.

Кај луѓето со посттрауматско стресно растројство или анксиозност има поголема веројатност да имаат повторлив сон, особено со вознемирувачка природа. Соновите по растројства произлегуваат од потешка траума што постојано се враќа како кошмар.

„Мозокот се обидува да среди нешто и да го стави во мирување“, додаде Димитриу.

Повторливите соништа некогаш може да бидат резултат на состојбата на телото и тоа има „активатори“ во околината, како што е некаков звук од улица или, на пр. од чешма што протекува ии капе – сѐ тоа може да предизвика соништа со слики од тие одредени нешта и појави.

Лошите работи навечер се случуваат и кога луѓето се ненаспани, предоцна пијат кафе или алкохол, работат предоцна или спијат само четири часа… Исто така, повторливите соништа може да бидат резултат на лоша хигиена во спиењето. Според познавачите, човекот ќе има подобар увид во своите грижи, ако пишува за нив пред спиење. Тоа може да биде корисно за ублажување на негативните повторливи соништа и општо – за стресот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 минута

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 2 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 3 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 7 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена