Здравје и убавина
Што всушност е чајот мача и зошто е добро да се пие?

Во бројни угостителски објекти, особено кафетерии, се служи зелен пијалок наречен мача. Иако „по правило“ се пие по мешање со топла вода, денес може да се нарача ладно, во комбинација со млеко или дополнителни вкусови.
Ова е сè уште новитет на нашите простори, претежно популарен кај помладите генерации, па многумина се прашуваат: Што всушност е чајот мача и дали може да стане дел од секојдневието, па дури и да го замени пиењето кафе?
Што е мача чај?
Мачата се произведува од листовите на растението Camellia sinensis и потекнува од Јапонија. Се продава во форма на прав и има впечатлива, светло зелена боја поради високите нивоа на хлорофил. Позната е по својот специфичен земјен, малку горчлив вкус, а големиот и ненадеен развој на интерес за овој пијалок доаѓа во услови на општ пораст на популарноста на азиската култура и кујна низ светот.
Најфината мача се користи во традиционалните јапонски церемонии за чај, а добар квалитет на мача во прав е оној кој нема жолта и окер боја, ниту пак премногу горчлив вкус.
„Еликсир на здравјето“
Ако сте поборник за здрав живот, сигурно сте слушнале за придобивките од овој пијалок.
За многумина, мача е синоним за здравје, пред се затоа што е докажано дека содржи високо ниво на антиоксиданси. Кога прашокот се раствора во вода, се ослободуваат 3 пати повеќе антиоксиданси отколку кога се наоѓаат во сувите лисја.
За луѓето кои се обидуваат да го намалат кофеинот, matcha обезбедува малку понежна опција од кафето. Додека една шолја кафе содржи помеѓу 80 и 100 милиграми кофеин, мача содржи приближно 70 милиграми по шолја. Така, ова „зелено кафе“ може да стане нов утрински извор на кофеин.
Некои студии сугерираат дека консумирањето зелени чаеви, вклучително и мача, може да помогне во зајакнувањето на коските, а со тоа да се намали ризикот од фрактури на коските. Овој пијалок може да ја зголеми минералната густина на коските многу поефикасно од другите видови чај, поради поголемата количина на растителни соединенија, кои ја намалуваат оксидацијата и имаат силни антиоксидантни својства.
Мачата помага и за одржување на здравото функционирање на кардиоваскуларниот систем – спречува згуснување на срцевото ткиво, срцеви удари… Тоа е затоа што таа содржи епигалокатехин-3-галат (EGCG), растително соединение кое може да има позитивни ефекти врз кардиоваскуларното и метаболичкото здравје.
Освен тоа, мачата може да биде сојузник во слабеењето. Билните соединенија и кофеинот што ги содржи може да ја зголемат стапката на метаболизмот и да го забрзаат согорувањето на мастите.
Како да изберете и подготвите мача?
Како што претходно беше споменато, треба да се избегнува прав кој има жолтеникави и окер тонови.
Постојат различни начини за подготовка на овој пијалок, но важно правило е дека никогаш не треба да се подготвува со вода што е потопла од 80 степени – затоа, водата не треба да врие. Може да се користи и ладна вода, но го менува оригиналниот вкус. Препорачливо е да го купите приборот што се користи за приготвување на овој чај, како лажица од бамбус и специјална четка од бамбус за мешање.
Двете главни форми на подготовка се: коича и усуча.
Коича, комбинација од јапонските зборови „кои“ (дебел) и „ча“ (чај) е најсилната концентрација на мача, а вкусот е интензивен и горчлив. Најчесто се користи во традиционалните церемонии, а во урбаните средини се користи во комбинација со млеко за да се направи мача лате. Две лажички од прашокот се ставаат во сад, се прелеваат со 40 милилитри вода и се мешаат со четката од приборот за подготовка. Се користат многу лесни движења, за случајно да не се создадат меурчиња или пена. На крајот се добива темнозелена, густа течност.
Усуча, од зборовите „усуи“ (ретко, светло) и „ча“ (чај), е полесна, пена верзија на пијалокот. Во овој случај, една кафена лажичка се раствора во 50 милилитри вода. На почетокот треба да налеете помалку вода за да добиете пена, потоа да додадете повеќе течност и да продолжите со мешањето. Движењата треба да бидат во форма на буквата М, без допирање на дното. Кога ќе завршите, треба да има неколку меурчиња на површината на пијалокот, но не премногу.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос