Поврзи се со нас

Македонија

Што заплени полицијата при претрес во домовите на Боки 13 и Кичеец?

Објавено

на

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ја информираше јавноста што е пронајдено во домовите, службените простории, возилата на осомничените во случајот „Рекет“, кои во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеше на прибирање на материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“.

„Како што веќе обвинителството информираше, извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел во едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола.

Со оглед на обемноста на материјалот , записниците за одземени предмети се уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.

Воедно, обвинителството ја известува јавноста дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот.

Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Гостиварпред 6 часа

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 7 часа

Демолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани

Гостиварпред 9 часа

Собир на плоштадот во Гостивар за почит кон жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 10 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

Македонијапред 11 часа

Во врска со пожарот приведени 5 лица на територија на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, 11 лица се во 48 часовен притвор

Македонијапред 11 часа

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба

Македонијапред 12 часа

Во болниците во земјава згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во странство

Македонијапред 13 часа

Од денес седумдневна жалост за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 14 часа

Променливо облачно, постудено и ветровито време

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена