Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што значат соништата според науката?

Објавено

на

Во едно истражување од 2004 година, научниците успеале да откријат од кој дел од мозокот потекнуваат соништата. Синдромот „Charcot-Wilbrand“ претставува ретка состојба каде пациентот ја губи способноста да сонува. Иако, синдромот често е придружен со многу потешки симптоми, кај една пациентка се јавил само овој симптом.

Се покажало дека пациентката имала оштетувања во регион од мозокотодговорен за визуелните процеси, емоциите и визуелната меморија, како последица на мозочен удар. Благодарение на овој единствен симптом кај пациентката, истражувачите заклучиле дека овој регион во мозокот мора да е вклучен или во создавањето, или во трансформацијата на соништата.
Модерната технологија им овозможила на научниците исто така да ги откријат механизмите кои овозможуваат да се сеќаваме на соништата. Во едно истражувањево 2011 година, италијански научници извршиле мерење на електричните мозочни бранови кај луѓе што спиеле и заклучиле дека причината зошто луѓето ги паметат соништата подобро кога ќе се разбудат во РЕМ –фазата, е бидејќи во тој период се јавуваат повеќе ниско-фреквентни тета бранови во фронталниот дел од мозокот.

Овие мозочни активности се идентични со тие како кога се сеќаваме на нешто додека сме будни, што значи неврофизиолошките механизми за помнење на соништата и случките од реалниот живост, во суштина се исти.

Што кажуваат соновите за вас?

Соновниците често пати се обидуваат да дадат толкување на настаните што сме ги виделе во сон, но реално овие описи се релативни и многу малку или воопшто не се базирани на наука. Тоа сепак не значи дека соновите немаат значење.

На соновите се гледа како корисен индикатор за тоа што размислува личноста. На пример, една неодамнешна анкета спроведена од „DreamsCloud“, покажува дека лицата со повисоко ниво на образование почесто имаат сонови поврзани со работата, како унапредување на работното место, отколку лицата со пониско образование.

 Соновите исто така можат да бидат индикатор за природните способности на едно лице. На пример, оние кои додека сонуваат се свесни дека сонуваат, што се нарекуваат луцидни сонувачи се покажало дека се подобри во решавање на проблемите.
Видот на сонот може, исто така да биде показател за каква личност се работи. Според истражувањето на Централниот институт за ментално здравје во Германија, лицата што изјавиле дека сонуваат дека вршат убиство, имаат тенденција да бидат поинтровертни, како и поагресивни во реалниот живот. Иако за ова истражување имало одредени критики, сепак укажува на деликатната врска помеѓу човековата психа и соништата.Оваа врска може да се покаже и кај менталните болести. Според едно истражување, лицата со различни ментални состојби, различно им ги опишуваат своите соништа на другите. На пример, шизофреничарите ги опишуваат своите соништа со многу малку зборови, додека пациентите со биполарно растројство имаат тенденција да зборуваат многу опширно и со повторување.Соништата и вашите емоции

Иако научниците упеале да ги објаснат биолошките механизми што се поврзани со сонувањето, сепак, објаснувањето што означуваат тие соништа може да биде малку незгодно. Според теоријата на Сигмунд Фројд, соништата претставуваат манифестација на потиснатите желби. Според она што се нарекува „activation-synthesis hypothesis“, соништата се само електрични мозочни ипулси, кои по случаен избор, извлекуваат мисли и слики од нашата меморија, а луѓето од тие импулси конструираат соништа откако ќе се разбудат, во обид да најдат смисла во таа конфузија.

Најпопуларно општо мислење е дека соништата имаат цел и дека целта, во голема мера  е поврзана со нашите емоции.

Истражувањето направено од д-р.Метју Вокер и неговите колеги од Универзитетот Беркли исто така презентира докази за врската помеѓу емоциите и соништата. Вокер и неговиот тим откриле дека редукцијата на РЕМ-сонот резултира со  намалување на способноста да се разберат комплексните емоции во текот на денот.

И покрај фактот дека со помош на технологијата значително се проширени сознанијата во врска со сонувањето, сепак, многу од она што се случува додека спиеме сѐ уште останува она секогаш било – мистерија.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 58 минути

Кои раси кучиња се најлесни за тренирање?

Технологијапред 11 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 14 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 16 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 18 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 19 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 20 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 21 час

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 22 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 3 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена