Гостивар
Штрајкот во Гостивар се одвива 100%, имаме поддршка и од родителите-вели регионалниот СОНК

Раководството на регионалниот одбор на Синдикатот за образование и наука во Гостивар по обиколката на училиштата на гостиварска територија оцени дека штрајкот којшто започна утрово, се одвива непречено, и дека добива поддршка и од родителите.
„Штрајкот во Гостивар се одвива 100%. Ние од утрово направивме обиколка низ основните и средни училишта и видовме дека во секоја установа се почитува одлуката донесена од СОНК. Кадарот е во просториите определени за штрајк, настава не се држи. Она што е важно и сакам да го истакнам е дека и родителите покажаа разбирање и не ги пуштија децата на училиште, што значи дека имаме поддршка и од родителите. Знаеме дека за нив е најтешко и тие се на некој начин оштетени, но сепак сфаќаат дека ние сме на мака. Зголемувањето на цените и растот на минималната плата го направија своето и ние бевме принудени да го преземеме овој чекор за штрајк.“, изјави Тафа Амети, претседател на Регионалниот СОНК во Гостивар и потпретседател на синдикатот на државно ниво.
Амети информира дека и во градинките во Гостивар има штрајк на членовите на синдикатот, а дека извесен број на деца биле згрижени од воспитувачки и негувателки ангажирани со договори на дело.
„Ги посетивме и градинките и увидовме дека и таму нашите членови штрајкуваат. Но, таму има 20-тина ангажирани со договор на дело, тие не се наши членови и не се дел од штрајкот. Сепак и во градинките имаме поддршка од родителите, што се гледа по бројките. Од 540 деца кои се запишани, само 104 се донесени на згрижување денес.“, рече тој.
Регионалниот СОНК не забележал притисоци врз наставниците од општините кои ги покрива. Забелешка имаат само за Маврово-Ростуше, поради одредување на подолго време на престој во училиштата за кадарот што штрајкува.
„Во Маврово Ростуше одеа на варијанта наставниците да седат по 8 часа во училиштата, наместо по 4. Тоа не би рекле дека е некој начин на притисок, но треба да се покаже разбирање, сега е период на Рамазан, се пости, па и кога има настава се кратат часовите, а не пак времето за штрајк. Мислам дека ќе го средиме тој проблем, разговарав денеска со градоначалникот, ќе гледаме да најдеме решение. Гостивар и Врапчиште е целосно според одлуката и нема никакви проблеми“, истакна Амети.
Регионалниот одбор на СОНК Гостивар брои 1.700 члена.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето