Поврзи се со нас

Македонија

Шумите се пустошат, за ефикасна контрола потребни се повеќе инспектори и нова опрема

Објавено

на

„Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“ , ова беше тема на панел дискусијата што денес ја организираше невладината АДИ од Гостивар во соработка со Институтот за комуникациски студии. Учесниците нагласија дека инспекциските служби немаат доволно опрема и ресурси ефикасно да ја контролираат сечата. Дел од проблемите што го посочија се: мал број инспектори, недостаток на опрема за работа, несоодветни кадри во Инспекторатот за шумарство и ловство, Шумската полиција и Шумочуварските служби, како и недоволни контролни механизми при сечата на дрва.

Трајче Ангелов од Државниот инспекторат за шумарство и ловство изјави дека во Инспекторатот се вработени 14 инспектори за шумарство, кои треба да контролираат околу 300 субјекти регистрирани за обработка на шумски производи и трговија со дрвја, и кои се надлежни за околу 1 милион хектари шумска површина. „До 2019 година, немавме ни соодветна ИТ опрема за сите инспектори, а сега имаме 6- 7 неспремни теренски возила со кои треба да извршуваме надзор и на повеќе од 120 километри оддалеченост. Оттука, надзорот тешко се спроведува“, рече Ангелов. Законот за шуми предвидува четири служби кои треба да се грижат за шумите – Шумочуварска служба, Шумска полиција, Инспекторат за шумарство и ловство и МВР. Но тоа, според командирот на Шумската полиција во Штип, Горан Трајков, доведува да има четири послаби институции со вкрстени надлежности. „Под итно, секое наредно вработување мора да биде од соодветни кадри во шумарството. Да се опреми Шумската полиција со нови средства и ИТ опрема. На пример, дроновите можат многу да ѝ помогнат на Шумската полиција во заловување на дрвокрадците“, изјави Трајков.

Помошничката директорка на „Национални шуми“ Маре Басова изјави дека шумите вршат важна неекономска функција како чистење на воздухот, обезбедување здрава животна средина, заштита од поплави итн., но дека сè уште се сфаќаат како простори кои даваат главно материјални добра. „Според бројките со кои располагаме во 2020 година, констатирани се околу 26.000 метри кубни дрва неправна сеча, одземени се околу 1.500 метри кубни дрва од непознат сторител, а околу 500 метри кубни дрва се одземени од познат сторител“, вели Басова.

Според Саша Јовановиќ од Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поразително е дека 71 процент од граѓаните користат дрво како примарен или секундарен извор на енергија за затоплување и најави дека се подготвуваат прописи со кои треба да се зајакнат контролните механизми при сеча на дрва. „Ќе побараме да постои електронско следење на регистрираните фирми за стопанисување со дрва, а граѓаните ќе можат со апликација да видат дали некое возило кое пренесува дрво го прави тоа легално и да го пријави ако е нелегално. Со измени ќе побараме да имаме и 24-часовен видео надзор над стовариштата за дрва“, изјави Јовановиќ.

Владимир Стојановски од Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинжинеринг „Ханс Ем“ изјави дека се потребни промени и во високото образование во шумарскиот сектор, кадешто недостасуваат теми за формулирање и спроведување на шумарски политики, за улогата на шумарството во зачувување на биодверзитетот и други теми. „Мора да ги едуцираме сегашните и идните генерации дека шумите и шумските системи се од огромно значење за нашиот опстанок. Ова не е огромна инвестиција, а мора да почнеме од денеска. Да бидеме свесни за потребата од спроведување на соодветна карбонска политика“, порача Стојановски.

Кампањата „Разбистри сè“ ја реализира Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 27 минути

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 3 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена