Гостивар
Шумите во гостиварско немилосрдно се сечат на диво

Објавено
пред 1 месецна

Шумите во регионот на Гостивар се наоѓаат на удар на бесправната сеча. Немилосрдно се опустошуваат големи површини шума, цвета „бизнисот“ со продажба на нелегално исечените дрва. Ова го потврдува истражувањето спроведено во рамки на проектот „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво“, што го реализира Центарот за европски стратегии Евротинк. Денес во Гостивар беа презентирани резултатите од анализите.
„Гостивар е еден од 8-те региони опфатени во проектот, а целта е да се откријат главните институционални и вонинституционални влијанија во вршење на дивата сеча, и да видиме како може да се зголеми отпорноста кај граѓаните, за да се намали што повеќе оваа појава. Гостивар е еден од регионите каде многу има бесправна сеча. Одредени делови се жешки точки кадешто дивата сеча има оставено големи последици. Една од спецификите е што веќе се сече и во приватни шуми, а се сече и зеленилото во градското подрачје, во самиот центар. Дел од црните точки се пределите околу селата Куново, Србиново, Чегране, Форино, Јеловце.“, изјави Иван Стефановски, извршен директор на Евротинк.
Глетките од некогаш богатите шуми сега се застрашувачки, вели Горан Николовски член на УО на Евротинк, кој како искусен планинар добро ја познава состојбата на терен. Особено загрижува што зеленилото во срцата на планините се уништува со тешка механизација, нагласува тој.
„Како планинари со големо искуство сме го гледале уништувањето на шумите и претходно, меѓутоа сега овој процес е интензивиран. Тоа што го видовме во Гостивар на Сува Гора, Челојца, планина меѓу Гостивар и Тетово, на Бистра, на Шара е навистина застрашувачки. Дел од исечените дрвја се обележани регуларно, но голем дел особено повнатре од шумите немилосрдно се уништени од дива сеча.“, изјави Николовски.
Податоците до кои дошле истражувачите во проектот покажуваат дека во периодот од 2010 до 2019 шумското стопанство во Гостивар поднело 287 кривични и 95 прекршочни пријави за бесправна сеча. СВР Тетово во рамки на акцијата „Гора“ поднело 166 пријави за 278 кривични дела.
АНКЕТА:

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Еден од условите да донирате конвалесцентна плазма е да имате над 55 килограми

Студенилото продолжува уште неколку денови

Снег падна во Сахара и Саудиска Арабија

Православен празник Водокрст (Водопост) во чест на крштевањето

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка