Гостивар
Шумски пожари во гостиварско

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, известува дека вчера (2 ноември) околу 8 часот наутро во атар на гостиварско Печково е започнат шумски пожар, кој се проширил и била зафатена дабова шума, на делумно непристапен терен.
„Таму каде што било достапно за гаснење на едниот крак, страна, дејствувале три пожарникари со едно противпожарно возило, а вториот дел од пожарот го гаснеле четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Шар“ од Гостивар и истиот е ставен под контрола. Постои проширување на пожарот на трета страна над Вруток, но на тој правец не е интервенирано од причина што осум лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Шар“ од Гостивар интервенирале, според приоритет, во атар на Буковиќ за да го спречат проширувањето на пожарот што се префрлил од Кичево кон Гостивар.“, информира Центарот за управување со кризи.
Во извештајот кој утрово го објави ЦУК стои дека активни пожари има на територијата на Кичево и Македонски Брод.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава