Гостивар
Швајцарија дава 50 илјади франци за Гостивар – граѓаните може да одлучат на што ќе се потрошат парите
Општина Гостивар преку проектот „Зајакнување на општинските совети” ќе добие 50 илјади швајцарски франи за реализација на локални проекти. Приоритетите, во што ќе се вложат овие пари ќе ги одберат граѓаните.
Како што информираат од гостиварската локална самоуправа, приоритетите ќе се определуваат на посебни средби, таканаречени Проектни форуми. „Главната тема на форумите ќе биде социјалното вклучување, родова еднаквост, добро владеење и мултиетничката соработка. Планирано е да се одржат четири форумски сесии, на кои ќе се разгледуват приоритетите на граѓаните во рамките на дадената тема. Во рамките на буџетот од 50 илјади франци, ќе се финансират еден до три проекти што ќе бидат избрани и обработени од граѓаните учесници на форумите“, објаснуваат од Општина Гостувар.
Првата форумска сесија ќе се одржи 18 јуни (втoрник) вo прoстoрите на О.У. Мустафа Кемал Ататурк – Гoстивар (училишна caла), сo пoчетoк oд 18 часoт. Локалната самоуправа упати покана до сите заинтересирани граѓани да бидат дел од настанот и да земат активно учество.
Проектот „Зајакнување на општинските совети” е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка, а се спроведува преку Програмата за развој на обединетите нации (UNDP).
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник