Вести
Швајцарската Амбасада со поддршка за два проекти во Гостивар

Проект за регионално управување со отпад и план за заштита од поплави наскоро ќе започнат да се спроведуваат во Гостивар со финансиска поддршка на Швајцарската Амбасада. Делегација од Амбасадата, предводена од регионалниот советник за вода и управување со отпад Клиф Хамер, денес беше во посета на општина Гостивар на средба со градоначалникот Арбен Таравари.
Регионалното управување со отпад е проект финансиран од Швајцарската Амбасада во соработка со Полошкиот плански регион. Проектот пак за усвојување план за заштита од поплави ќе се спроведува од страна на УНДП, а исто така е финансиран од Швајцарската Амбасада. Со донесување на овој план, Гостивар ќе биде првата општина во Македонија со план за превентивна заштита од поплави, соопштија од службата за информирање.
Делегацијата од Швајцарската Амбасада го посетила и селото Вруток, каде извршиле увид во завршните работи од првата фаза на изградба на резервоарот за вода за пиење, проект финансиран од страна на Швајцарското федерално одделение за економски прашања.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден