Вести
Шведскиот Амбасадор во посета на Гостивар
Амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стефансон денес беше во официјална посета на Гостивар и оствари средба со градоначалникот Невзат Бејта. Изјави за медиумите немаше, а за средбата со соопштение излезе општинската служба за информирање. Во него е наведено дека во кабинетот на градоначалникот се разговарало за политичките случувања во земјава и проектите на Општина Гостивар.
„Во врска со формирањето на новиот владин кабинет, заеднички заклучок беше дека владата треба да се формира што е можно побрзо, со цел да се започне со процесот на реформи во државава. Градоначалникот Бејта, истакна дека новата влада треба да се фокусира на реформите во правото, со цел сите граѓани на Република Македонија да се чувствуваат еднакви и правото ќе важи за сите подеднакво. Шведскиот амбасадор се информираше за меѓуетничките односи пред и по Охридскиот договор, и се констатира дека во овој поглед имало напредок, но постои можност да се работи повеќе на меѓуетничките односи. Тој истакна дека треба да се има посериозен пристап во насока на подобрување на меѓуетничките односи.“, стои во соопштението.
Амбасадорот на Шведска, во Гостивар беше заедно со својот помошник Антон Иреквист.
-
Гостиварпред 4 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград