Поврзи се со нас

Македонија

Сиљановска Давкова: Да се покрене дискусија за отслужување воен рок врз доброволна основа

Објавено

на

    Претседателката Гордан Сиљановска – Давкова, како врховен командант на вооружените сили, денеска од Охрид посочи дека можеби би требало да се размислува во насока да има се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.

    • Дел од младите луѓе имаат желба како некогаш да бидат дел не само од професионална армија, туку доброволно во вооружените сили, можеби би требало за тоа да поразговараме. Независно која би била одлуката по дускусијата, ова што го видовме ни дава чувство за безбедност, рече претседателката која денеска присуствуваше на показната вежба на припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

    Нејзиниот став е дека треба да се размислува во таа насока, да се иницира дискусија, да се чујат експертите по прашањето.

    • Сме имале ние такво искуство, да, мислам дека треба да се размислува. Има луѓе кои би сакале да служат воена обврска, доброволно, зошто тоа да не го овозможиме. Мислам дека тогаш и односот кон армијата ќе биде попозитивен. Треба да се отвори темата, да се разговара, треба да се слушнат аргументите, да се тестира расположението кај луѓето…, рече Давкова пред медиумите, при што додаде дека ќе има разговори и консултации по прашањето со одговорните, со началникот на Генералштабот.

    • Јас сум за цврста и силна граѓанска контрола на Армијата, ќе ги прашам сите, така што слободно може да се размислува на таа тема, рече претседателката.

    Сиљановска Давкова посочи на времето од поранешната државна заедница кога отслужувањето воен рок значеше интеракција на најразлични профили луѓе, градење односи на солидарност, разбирање…

    • Тоа го видовме тука денеска, колку е потребна таа соработка. Се разбира дека можеби тоа навистина е важно во ова време, рече таа, посочувајќи ја потребата посветеноста, дисциплинираноска да бидат императив во секоја област од професионалниот ангажман.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена