Поврзи се со нас

Вести

Силен земјотрес на југот од Турција

Објавено

на

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер денеска ја погоди јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија.

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли, на длабочина од 6,67 километри.

Потресот е почувствуван во поширок регион на југот на Турција, што во февруари беше погоден од серија разорни земјотреси.

Гувернерот на Адана, Сулејман Елбан, за Анадолија изјави дека засега нема информации за последиците од земјотресот и дека надлежните екипи се на терен.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена