Гостивар
Симболичниот клуч на Гостивар доделен на Али Беба, меѓународно признат професор по применети науки

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари денес во својот кабинет го пречека Али Беба, професор по применети науки на странски универзитети, кој има гостиварско потекло. Во знак на почит и благодарност за интернационално промовирање на Гостивар, на професорот му беше доделен симболичниот „клуч на градот“.
„Професорот Беба е меѓународно признат како професор по применети науки кој ја инкубира културата на претприемништво и иновации преку интегрирање на научната теорија со практиката, така што резултатите од истражувањето се преточуваат во иновативни производи и услуги во корист на општествата. Неговиот истражувачки интерес е насочен кон развој на економии базирани на знаење и да биде дел од решенијата за најтешките потреби на човештвото во областа на одржливиот економски раст преку максимално искористување на чистата енергија и заштитата на животната средина. Г-дин Беба е подготвен да го донесе своето знаење и искуство во својата родна земја, во Гостивар, за да ја развие локалната економија и како да се примени обновливите извори на енергија, што е повеќе од неопходно во ова време на енергетска криза. Во оваа прилика во знак на благодарност му го подарив клучот на градот Гостивар, симбол кој се подарува на пријателите на градот.“, изјави градоначаникот.
Беба моментално живее и работи во САД, а е активен како предавач и соработник на институции и невладини организации и надвор од американските граници, односно во Турција и Кина. Раководи и со фондација кој обезбедува услуги за иновативни проекти.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение