Поврзи се со нас

Гостивар

Симона од Гостивар: „Провери па купи“ за заштита на потрошувачите и намалување на сивата економија

Објавено

на

Симона Милошеска од Гостивар е дел од тимот што ја креираше веб платформата „Провери па купи“, каде на едно место се собрани сите регистрирани е-трговци кои имаат имплементирано е-плаќање. Преку оваа платформа било кое лице што сака да купува онлајн, ќе може на едноставен и брз начин да провери дали одреден е-трговец е регистриран и веродостоен.

Оваа платформа е една од победничките идеи на хакатонот (https://hackathon.ecommerce.mk/) одржан во мај 2021 година во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Веб платформата „Провери па купи“ е насочена кон сузбивање на сивата економија во е-трговијата и е резултат на посветената работа на тим од четири студентки Стефанија Цветковска (Скопје), Симона Милошеска (Гостивар) и Ана Матеска (по потекло од Гостивар, живее во Скопје) од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, и Христина Петковска (Скопје) од Економскиот факултет.

Ја исконтактиравме Симона за да ни даде малку повеќе информации околу сама веб – платформа, за идејата и процесот на создавање.

Како дојдовте до идеја да направите ваква платформа?

Со тоа што секојдневно самите ние се соочуваме со разни измами од страна на нерегистрирани онлајн трговци, одлучивме да се пријавиме на хакатонот и да создадеме решение за намалување и сузбивање на сивата економија. Пријавата на хакатонот не мотивираше да размислиме подлабоко зошто е застапена сивата економија во е-трговијата и дојдовме до заклучок дека луѓето можеби не се доволно информирани и свесни дека се учесници токму во оваа сива економија. Со ваквата платформа на сите  купувачи при било кое онлајн купување им нудиме можност за проверка дали одреден е-трговец е регистриран, така што доколку купуваат од регистрирани е-трговци нивните потрошувачки права се заштитени и тие директно учествуваат во намалување на сивата економија.

Како течеше процесот на создавање?

Развивањето на идејата за една ваква платформа се одвиваше во рамките на  онлајн хакатонот кој траеше 48 часа. Со поддршка од менторите и АЕТМ, нашата идеја беше прифатена од страна на стручното жири и прогласена како една од победничките. По завршување на хакатонот, ни беа доделени средства од 1000 евра, кои што ги употребивме за реализација на идејата. За функционалноста на „Провери па купи“ соработуваме со АЕТМ од чиј регистар на е-трговци се преземаат податоци за пријавени  е-трговци кои се регистрирани во една од петте банки кои нудат е-плаќање во нашата земја.  Регистарот е објавен во склоп  на веб-платформата  https://ecommerce4all.mk/moduli/siva-ekonomija/e-trgovci/

Со оглед на тоа дека веќе функционира еден месец оваа веб – платформа, дали има заинтересираност од луѓето да ја користат?

За нас претставува огромно задоволство тоа што нашата идеја прерасна во општокорисна веб платформа. Платформата е од неодамна активна и секој може да ја користи, притоа  се надеваме дека ќе биде прифатена од страна на сите корисници.

Дали можеби имате во план некои други проекти?

Победата и признанието на нашата идеја премногу не мотивира да се вклучиме и во други проекти, применливи во пракса.  Дополнително работиме на подобрување на платформата „Провери па купи“ со додавање на нови функционалности, а сигурно ќе работиме и на други проекти во иднина.

Линк до веб-платформата https://www.proveripakupi.mk/

Упатството за проверка на регистрирани е-трговци:

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена