Македонија
Симовски: Имавме два хакерски напади на системот за попишување, но успешно се одбиени
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски напади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени.
-Постојано е хакирана нашата веб страница. Веројатно целта е корисниците да не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два случаи имавме обид за хакерски напад на самиот процес на пописот, но и двата се успешно одбиени. Не е предизвикана никаква штета. Немам сознанија од каде се, но знам дека денес може да се направи таков обид од било каде, а да не знаете од каде доаѓаат нападите, истакна Симовски синноќа во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24
Тој рече дека има групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат но, како што вели, не може да разбере зошто овие групации се против пописот.
Според Симовски, никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.
– И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме е наша работа и никој не се обидел да се меша, рече Симовски.
Првиот човек на ДЗС вели дека досега повеќе од 600.000 граѓани се попишани. – Задоволен сум, но не ме прави комфорен и нема да бидам комфорен и нема да бидам се до последниот ден од пописот, посочи Симовски.
Според него, само вчера се попишани над 100.000 граѓани. – Со ова темпо пописот ќе се забрза и очекувам на време да ги завршиме сите работи, додава Симовски.
Пописот, како што рече, може да покаже 1.800.000 граѓани, но не сакаше да прејудицира пред неговото завршување.
– Не би сакал да шпекулирам и очекувам дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година. Да почекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некој индиции дека може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози, рече Симовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија
Вести
Simovski: Kishim dy sulme hakerësh të sistemit për regjistrim, por janë refuzuar me sukses
Drejtori i Entit shtetëror për statistika Apostoll Simovski thotë se ueb faqja e tyre është nën sulm të përhershëm të hakerëve dhe se ka pasur dy tentime për sulme hakerësh të sistemit për regjistrim, që janë refuzuar me sukses.
-Ueb faqja hakohet vazhdimisht. Me siguri qëllimi është përdoruesit të mos kenë mundësi t’i ndjekin informacionet tona. Në dy raste kishim tentim për sulm hakerësh të vet procesit të regjistrimit, por të dy kanë qenë të refuzuar me sukses. Nuk është shkaktuar asnjë dëm. Nuk e kam të njohur prej ku janë, por e di që sot mund të bëhet një tentim i tillë prej kudo, e të mos keni dijeni prej nga vijnë sulmet, theksoi Simovski mbrëmë në emisionin “24 analiza” në TV 24.
Ai tha se ka grupime që duan ky proces të mos ketë sukses dhe publikisht thirrin qytetarët të mos regjistrohen por, siç thotë, nuk mund të kuptohet pse këto grupime janë kundër regjistrimit.
– Edhe qeveria edhe opozita dhanë mbështetje në këtë proces dhe kjo është mirë. Ai mesazh politik të mbështetet ky proces është absolutisht korrekt. Atë që profesionalisht e punojmë është puna jonë dhe askush nuk është munduar të përzihet, tha Simovski.
Njeriu i parë i ESHS thotë se deri tash më shumë se 600.000 qytetarë janë regjistruar. – Jam i kënaqur, por nuk jam komfort dhe nuk më bën komfort dhe nuk do të jem komfort deri në ditën e fundit të regjistrimit, theksoi Simovski.
Sipas tij, vetëm dje janë janë regjistruar mbi 100.000 qytetarë. – Me këtë tempo regjistrimi do të përshpejtohet dhe pres që në kohë t’i mbarojmë të gjitha punët, shton Simovski.
Regjistrimi, siç tha, mund të tregojë 1.800.000 qytetarë, por nuk donte të paragjykonte para mbarimit të tij.
– Nuk do të doja të shpekuloj dhe pres që të dhënat të jenë më të vogla nga ato që kishin në vitin 2002. Të presim, kemi edhe pak kohë për t’a mbaruar regjistrimin dhe të mbarojmë me përpunimin e të dhënave dhe të dalim me rezultate zyrtare. Ka disa indikacione se mund të jetë 1.8 ose 1.9, por të mos shpejtojmë me parashikime, tha Simovski.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија