Македонија
Симовски: Луѓе сме и ние од крв и месо, грешката е коригирана и се извинивме за тоа

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски се осврна на техничката грешка во однос на податоците од верската определба во Пописот за 2021 година, за која кажа дека се извиниле и дека таа е искоригирана.
– Во однос на верската определба искорегиравме една техничка грешка која што ја направивме првиот ден на објавување на соопштението. Ни се промакна да не приметиме дека сме направиле пермутација во полето за атеисти и евангелисти методисти. Луѓе сме и ние од крв и од месо и може да се погреши а човечки е и да си ја признаеме грешката и да се извиниме. Апсолутно ни е жал што настана таква грешка и затоа си ја признаваме и се извинуваме. Не сакавме тоа да се случи, меѓутоа се случи, не можеме да го вратиме филмот назад, рече Симовски во вчерашното гостување во Тема на денот на Сител.
Запрашан за бројката од 242.579 граѓани кои на пописот се изјасниле само како христијани рече дека како одговориле граѓаните така е запишан нивниот одговор.
-Попишувачот не смееше да се меша во одговорот на испитаникот. Им беше забрането да се мешаат и да сугерираат одговори. Како е даден одговорот, така се запишало. 240 илјади и кусур граѓани се изјасниле како христијани претпоставувам мислејќи дека се подразбира кога ќе кажат христијани на што се мисли меѓутоа ние мораме да го запишеме податокот прецизно, изјави Симовски.
Според првично објавените пописни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), беше наведено дека вкупно 355 лица се изјасниле како атеисти, но сега е направена корекција и нивниот број е 8 764 лица.
ДЗС денеска соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните.
-Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС.
Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж