Поврзи се со нас

Македонија

Симовски: На крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице со пописот

Објавено

на

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска изјави дека нема значаен неопфат со пописот и оти на крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице.

Истакна оти е значајно дека методот штo го користат дава можност и овој евентуален неопфат да биде покриен, бидејќи, како што рече,  ги користат и базите на податоци каде ги има сите наши граѓани.

– Она по што се раководиме кога спроведуваме одредено статистичко истражување е да имаме концепт како ќе го следиме опфатот на сите единици на тоа истражување, а исто и на пописот. Клучната работа по која се раководевме беа објектите за домување каде се сместени граѓаните, каде што живеат граѓаните и сите овие објекти се поминати целосно не е испуштен ниту еден. Да, се случуваше да не можеме да најдеме некого дома, сепак беше летен период на спроведување на пописот, меѓутоа се обидувавме повеќе пати да ги побараме, остававме телефонски броеви, за да исконтактираат со попишувачите, немаме воопшто значаен неопфат со пописот, изјави Симовски по настанот посветен на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“.

Нагласи дека секогаш е можно да го има и во најсовршените системи, но тоа што во моментов го очекуваат бидејќи се уште не е завршена обработката, е дека овој неопфат ако воопшто го има, е минимален.

Конечните резултати од пописот, потсети тој, ќе ги очекуваме за период од шест месеци од завршувањето на пописот. Најдоцна во март, рече Симовски, очекуваме да ги објавиме, но ако успеат да постигнат и порано, нема да чекаат.

– Работите на обработката започнаа веднаш по завршувањето на пописот и ќе траат до оној период кога ќе бидеме подготвени да ги објавиме и во јавноста. Тоа е процес кој е неминовен после секоја статистичка операција и е дел од целокупниот процес на оваа операција, рече Симовски.

Во однос на оние кои го бојкотираа пописот и за кои беа најавени казни рече дека тие случаи ги процесуирале, а други институции треба да преземат мерки.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена