Поврзи се со нас

Македонија

Симовски: Податоците за 132.000 лица се земени од регистрите и тие се дел од пописот

Објавено

на

За 132.000 лица кои не беа опфатени со теренското спроведување на пописот, податоците се преземени од регистрите и тие се дел од пописот, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Симовски во гостување на „Утрински брифинг“ ги појаснува причините поради кои овие лица не биле опфатени со теренското попишување на статистичката операција.

– Тие 132.000 лица што се споменуваат се неопфатени со теренското спроведување на пописот. Никој не посакуваше да биде толкав број. Во случајов методот што го користевме поентата беше да не изоставиме никого и тоа го направивме. Причините за тие лица се неколку. Прво, спроведувавме попис во месец кога луѓето беа на одмор после пропуштено лето поради Ковидот. Втора работа, кога се активностите во земјоделство и луѓето беа по нивите и доаѓаа доцна дома. Требаше да го продолжиме пописот и до 9 часот навечер, но не можете да натерате некој да се попише тогаш. Трета работа, имавме и сокриен бојкот, како и ковид-кризата, вели Симовски.

Според него, за овие лица се преземени податоци од регистрите и тие се дел од пописот, односно не се непопишани.

-Јас уште од старт говорев граѓаните да не подлегнуваат на лажните податоци. За жал, повеќе ги слушале тие кои притискаа за бојкот, мислејќи дека нема тоа да се случи, рече Симовски.
Тој информира дека попишувачите се враќале по неколку пати во домовите за да ги најдат граѓаните кои во моментот не биле присутни.
-Немаше станови во кои живеат по 30 луѓе. Се проверуваше, се оставаше информација дека бил попишувачот и порака за контакт за понатаму. Ние не можевме да упаднеме во становите со сила, потенцира првиот човек на ДЗС Апостол Симовски.
Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена