Интервју
Симптоми и лекување на катаракта – Разговор со Д-р Илир Османи, офталмохирург во Систина Офталмологија
Што е катаракта (перде), кои се симптомите на оваа болест, начини на лекување и кои се новитетите во нејзиниот третман. За да ги добиеме одговорите на сите овие прашања за катарактата, разговаравме со Д-р Илир Османи, офталмохирург во Систина Офталмологија дел од Групација Свјетлост.
Што е всушност катаракта или народски кажано перде?
Катаракта (перде) е една од најчестите очни болести која се појавува на постара возраст, болеста се јавува како последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа. Како што се заматува леќата така се намалува и видот.
Кои се симптомите – како може да се препознае дали имаме катаракта?
Симптомите на катаракта се маинфестираат со заматување на видот, губење на контраст и заблескување при јако светло. Може да се појави и двојна слика, а честопати се јавуваат и проблеми при читање, гледање ТВ и возење.
Кои се начините за третман на оваа состојба?
Единствен начин на кој може да се отсрани катарактата е со хирушка интервенција, односно со светски познатата ФАКО метода. При интервенцијата правиме мал рез во самото око и со помош на ултразвук се отстранува природната леќа. Веднаш потоа се вградува нова таканаречена интраокуларна леќа. Станува збор за безбедна и кратка интервенција, која се прави со локална анестезија.
Што се тоа интраокуларни леќи?
Во поглед на тоа за какви леќи станува збор, класичните интраокуларни леќи се монофокални леќи, кои, како што самото име кажува, имаат еден фокус и овозможуваат после операцијата да гледате далеку без очила, но во тој случај мора да носите очила за блиску (или обратно, зависи од вашата желба за вид). Со овие леќи се решава и астигматизмот (цилиндерот) и тие се викаат торични леќи.
Покрај монофокалните леќи најновата генерација на мултифокални леќи се трифокалните леќи, кои освен што добивате добар вид на близу и далеку, овозможуваат и добар вид на средна далечина, што е многу значајно за пациенти кои подолго време работат на компјутер. Со помош на овие леќи, ќе можете без очила да читате весници и книги, да се бричите или шминкате, да гледате во телефон, да работите на компјутер, да гледате ТВ, да возите автомобил, да се бавите со спорт и да ги обавувате вашите секојдневни активности.
Д-р Илир Османи е офталмохирург чија специјалност е катарактна и витреоретиналната хирургија. Од 2012 година работи во Систина Офталмологија. Mедицински факултет има завршено во Приштина а специјализација по офталмологија – на Универзитетот “Св. Кирил и Методиj”, Скопје. Член е на Македонската и Косовската лекарска комора.
Додека бевме во Центарот на Систина офталмологија во Гостивар на контрола пристигна пациентот Г-динот Емрули Тефик кој има 71 година, тој е дијабетичар веќе 10 гoдини со инсулинска терапија, врз кого Д-р Илир Османи имаше направено интервенција – операција на катаракта и витректомија.
“Презадоволен сум од направената интервенција и целокупниот однос на персоналот. Видот ми е многу подобрен благодарение на докторот Илир Османи. И понатаму ќе продолжам да доаѓам на редовни контроли тука во Ординацијата во Гостивар” изјави г-динот Емрули Тефик.
Специјализираната болница „Систина Офталмологија“ е првата офталмолошка установа во регионот која нуди комплетендијагностички и хирушки третман на сите проблеми со видот и очите. Преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надгради и зголеми обемот на своето работење, со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики.
Покрај центарот во Скопје, Систина Офтламологија има свои центри и во Тетово, Гостивар и Битола.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски