Поврзи се со нас

Спорт

Синалоа на нозе – Во „царството на кокаинот“ пристигна новиот тренер Марадона

Објавено

на

Диего Армандо Марадона има нов клуб. Во новата средина ќе има два предизвика: да го врати фудбалскиот клуб на врвот и најважната – да му одолее на „белиот прашок“.

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона пристигна како мега звезда во познатата Синалоа, во градот Кулијакан – неофицијално, престолнина на најјакот картел на светот, Синало, да го тренира тамошниот Дорадос де Синалоа кој се натпреварува во втората мексичка лига.

Диего веќе го одработи и првиот тренинг на кој беше ви центар на вниманието. Огромен број на медиуми и навивачи беа собрани да ја поздрават фудбалската легенда. Марадона се подразбира не им остана должен. Во негов стил им возвраќаше на овациите испраќајќи им бакнежи, со раширени раце, скокајќи, пеејќи.

Повикот од Мексико за Диего стигна како порачан. Веднаш ја напушти функцијата како претседател на белорускиот Динамо од Брест и замина за Мексико. Каде му очекува голем предизвик на два фронта професионален и животен.

„Имав многу падови во животот. Сега имам одговорност како да држам мало дете во рацете. Кога земав дрога, правев чекор наназад, а сега единствено што мора моите фудбалери да прават е да чекорат напред. Овде дојдов за да работам, ништо друго не ме интересира“, изјави Марадона на конференцијата за медиуми.

Местото во кое пристигна, во сојузната државата Синалоа е престолнина на најјакиот нарко картел на светот со кој раководи Хоакин Ел Чапо Гузман. Местото е уште познато и како царството на кокаинот. Картелот Синалоа е еден од најмоќните и најопасните организации на светот, производство и криумчарење на дрога, перење пари, трговија со луѓе, убиства, киднапирања се нивните активности. Додека на нарко пазарот пристуни се во САД, Јужна Америка, Европа, Австралија, Западна Африка и Нов Зеланд. Дали Диего се одлучи за овој потег поради првиот или вториот мотив знае само тој.

„Ти веруваме Диего, овде никогаш нема да те критикуваме, ќе те обожаваме“,  е пораката со која го пречекаа навивачите во Синалоа.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена