Гостивар
Синдикалци на СОНК од Гостивар и Тетово на работилница „Безбедност при работа“

Синдикални претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија од Регионалните одбори на Тетово и Гостивар беа дел од работилница на тема “Безбедност и здравје при работа во дејностите на образование и наука”.
„Целта на работилницата беше да се увиди нивото на владеење и да се прошири знаењето од областа на безбедноста и здравјето при работа на синдикалните претставници. На работилницата беше опфатен теоретски и практичен дел во однос на позиција работодавач – работник, како и во однос на професионални заболувања со кои се соочуваат вработените во сите дејности што ги застапува СОНК.“, информираа од синдокатот.
Во интерактивниот дел, присутните членови на СОНК поставуваа прашања, разменуваа информации за правата на работниците и добиваа соодветни одговори од страна на двајца предавачи односно стручно лице за безбедност при работа и доктор по медицина на труд.
Работилницата е дел од проект што се спроведува заедно со Македонското здружение за заштита при работа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава