Македонија
Синдикат на градежници: Работниците да не работат на отворено на топлото време
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање достави барање до Министерството за здравство, Државниот инспекторат за труд и Организацијата на работодавачи, за превентивни мерки при високи температури.
Во барањето на Синдикатот се вели:
• Да не се изложуваат работниците на работа на отворено (под директно зрачење на сонце) во периодот од 11 часот до 17 часот;
• Да се обезбедат течности и одговорните лица да обезбедат поголеми количини на вода;
• Повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски;
. Проверка на техничко – технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и по можност климатизација).
„Согласно Акциониот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз населението и мерките за Безбедност и здравје при работа, укажуваме дека работодавачите од целата држава треба да ги почитуваат општите препораки за заштита на работниците од високите температури како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во период од 11-17 часот, консумирање повеќе течности и хигиенски начин на подготовка на храната. СГИП препорачува и бара да горенаведените препораки останат валидни се додека траат високите температури или државните надлежните органи не донесат официјални упатства.“, наведува синдикатот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар