Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатите го одбележуваат Први Мај, бараат повисоки плати и права за работниците

Објавено

на

Меѓународниот ден на трудот во земјава се одбележува со активности на синдикалните организации, преку кои се испраќаат пораки за почитување на трудот на работниците, признавање на нивните права, повисоки плати и сл.

„Работничкиот празник го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Како и изминатата, така и оваа 2021 година, празникот го започнуваме со јасен став кој гласно го изразуваме и во оваа прилика, дека нема да дозволиме кризата да се насочи само кон работниците и нивните семејства. Безусловно бараме да се признае дека општеството зависи од трудот и работата на работниците, дека тие се рамноправен и значаен дел од заедницата без кои не може да се обезбеди нејзиниот опстанок и развој. Во оваа прилика, уште еднаш, обраќајќи се до Владата истакнуваме дека бараме: подобар здравствен систем и здравствени услуги достојни за граѓаните, донесување на нов ЗРО според европски стандарди, повеќе работни места и здрави и безбедни услови за работа, зголемување на минимална плата, повисоки плати, подобар животен стандардсоцијална сигурност, стабилен пензиски систем и пензионирање по повеќе основи“, истакнаа од Сојузот на синдикати на Македонија.

Меѓу барањата на Конфедерацијата на синдикати до Владата се: итно да се утврди репрезентативноста на најголемата синдикална организација на национално ниво во јавниот сектор, а тоа е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, усогласување на платите по вертикала во согласност со покачувањето на минималната плата од причина што во овој момент имаме порамнување на повеќе работни позиции со различен степен на сложеност на работните места, со непочитување на Законот за минимална плата во целост, исплата на “К-15“, односно регрес за годишен одмор за сите работници и во приватниот и во јавниот сектор. КСС исто така бара да се исплати регрес за годишен одмор за сите оние работници на кои ова право им е регулирано со колективен договор. КСС бара да се исплати “К-15“ на административните работници, согласно колективниот договор за 2020 година.

Меѓународниот ден на трудот, Први Мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовно работно време. Работните услови биле многу лоши и било вообичаено да се работи од 10 до 16 часови на ден, во небезбедни услови. Смртноста и повредите биле вообичаени на многу работни места и биле инспирација за книгите „Џунгла“ на Аптон Синклер и „Челична потпетица“ на Џек Лондон. Во 60-ите години од истиот век, работниците агитирале за пократок работен ден без кратење на платите, но тоа не се случило се до крајот на 80-ите години, кога организираниот труд собрал доволно сила за да прогласат осумчасовно работно време. Објавата била без согласност на работодавачите, но тоа го барал поголемиот дел од работничката класа.  Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од штрајкот во Чикаго, Втората интернационала на својот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

фото: ССМ и КСС

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена