Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатите утре на протест пред Владата

Објавено

на

Синдикатот за образование, наука и култура и другите грански синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, утре (8 јуни) ќе одржат протест пред Владата. Одлуката за протестирање беше донесена со образложение дека обидите на синдикатите да воспостават социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи, останале залудни.

Синдикатите бараат:

-Зголемување на платите во јавниот сектор во висина на процентуалното покачување на минималната плата од 01.01.2019 година, согласно Закон за минимална плата, односно за 25%.

-Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор и да ги замрзне вработувањата во јавниот сектор. По природен пат со пензионирање би се намалил бројот на вработени, со што ќе се зачуваат работните места

– Признавање на правото на К-15 исто како и во приватниот сектор

– Целосно почитување на законите и колективните договори

Утрешниот протест почнува во 16 часот. „Ве повикуваме преку овој масовен протест да извршиме притисок и по пат на социјален дијалог да ги оствариме нашите барања. Без разлика на политичка, верска и национална припадност, без разлика на образовование, пол и социјален статус, да застанеме под синдикалниот бајрак  да манифестираме единство, сплотеност и заедништво. Сите заедно да покажаме дека синдикалната борба никогаш не завршува, дека секогаш ќе се бориме за подобро утре, а тоа го можете само вие затоа што силата на синдикатот е неговото членство.“, се вели во синдикалниот проглас.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена