Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатот бара газдите да исплатат К-15 на почетокот на јули

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на месец јули кога и најголем дел од работниците го исполнуваат условот за добивање на регрес за годишен одмор со работење најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач согласно општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

„Бараме и останатите работодавачи согласно Гранските или Колективните договори на ниво на работодавач да го сторат истото на почетокот на месец јули. Со оглед на можноста од користење на ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите кои ги додели Владата и исплатата на К-15, македонските работници особено оние со пониски примања ќе можат да си дозволат годишен одмор за своето семејство, а со тоа ќе бидат поддржани и туристичко-угостителски објекти низ државата кои во изминатиот период беа најпогодени поради нивното неработење.“, велат од ССМ.

Од таму апелираат, работниците, средствата од ваучерите како и регресот за годишен одмор да ги искористат исклучиво во туристичко-угостителски објекти во кој има организирано синдикат и каде што не се кршат правата на оваа категорија на работници. „Со тоа ќе придонесеме и спречиме несовесни работодавачи да ги злоупотребат нашите пари и истовремено да ги кршат работничките права на нашите колеги“, нагласува синдикатот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена