Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатот и експертите против зголемување на границата за пензионирање

Објавено

на

    Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди. Од Владата, пак, велат дека во овој момент не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање и дека се прават напори за стабилизирање на состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

    • Ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент она што го направивме е усогласување со покачувањето на пензиите од 5000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по којшто се работи. Како што гледаме како да ги стабилизираме сите состојби, така остануваме посветени и на состојбата во Фондот, изјави вчера портпаролката на Владата, Марија Митева.

    Од Сојузот на синдикати на Македонија  во изјава за МИА потенцираа дека пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на сеопфатни анализи за целокупната општествено – економска состојба со сите предности и клучни предизвици во насока на социјално згрижување и сигурност за најголем број од населението.

    • Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи!  И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се дел од работниците, а на штета на работниците. Напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање, само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд, на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

    Според ССМ, наместо продолжување на границата за пензионирање, потребно е воведување на повеќе услови за пензионирање, како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници и за други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се одразуваат на животот и здравјето на работниците, старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж.

    И универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање затоа што според него ваквиот предлог е неправеден за работниците и нема да ги реши проблемите со кои се соочува Пензискиот фонд во моментот.

    • Кога станува збор за границата за пензионирање, главното прашање за мене е колку долго луѓето живеат по пензионирањето. Во Македонија, тоа во просек изнесува само 10 години, што е меѓу најкратките во Европа – границата за пензионирање е 63 години, а животниот век е 73. Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години, што веројатно ќе биде најкратко во светот. За споредба, во Австрија луѓето живеат во просек 18 години по пензионирањето – границата за пензионирање е исто така 63 години, но животниот век е 81. Слична е состојбата и во другите земји од ЕУ. Кога животниот век во Македонија ќе се доближи до 80 години, тогаш можеме да размислуваме за вакви промени, но не сега, вели Јовановиќ во изјава за МИА.

    Во мислењето на Фискалниот совет доставено како предлог кон Фискалната стратегија 2025-2029 година се предлага од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти. Од 2027 година препораката на Советот е да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата, постепено да се зголемува придонесот за пензинско и инвалидско осигурување до 21 процент до 2029 година.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 35 минути

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 2 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 4 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 18 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 19 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 22 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 24 часа

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена