Македонија
Синдикатот на полицијата на протест-бараат повисоки плати, униформи…

Синдикатот на полицијата во Македонија денес излезе на протест со кој изразија незадоволство од положбата во која се наоѓаат полицајците во земјава.
Полицајците се во мизерна положба, почнувајќи од немање униформи кои се основен услов за работа, па се до спречување на правото за синдикално делување што е загарантирано со Устав, закони и меѓународни конвенции ратификувани во Македонија, беше речено на протестот.
„Сите релевантни чинители во Владата, а најмногу Министерот за внатрешни работи треба да ги овозможат сите услови за работа на полицијата и да работат согласно закон односно да не ги скратуваат правата кои се загарантирани со закон. Бараме униформи за полицајците, покачување на платите особено периодов во ек на пандемија, да се постават професионалци да си ја вршат својата работа во полицијата, а не да се поставуваат послушници чија цел е само личниот интерес и интересот на поединци, слобода во синдикалното делување, бидејќи со стопирање на синдикалната членарина се крши правото на секој вработен по своја волја да одлучи да членува во синдикат и да делува синдикално во насока на подобрување на условите за работа на работникот.“, истакнаа од синдикатот.
На протестот добија поддршка и од други синдикални организации.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година